Забавни фотографии инспирирани од бујната детска имагинација

Сподели

Дечињата имаат бујна фантазија благодарение на која постојано создаваат фантастични универзуми од најобични секојдневни предмети. Така, стапчето станува меч, железните огради стануваат автопати, а фалтите од облеката од нивните родители се користат за да се создадат планини, ридови или бранови на бурно море.

Реклама

Британскиот фотограф Џозеф Форд, со помош од уметничката режисерка Стефани Бјусре и стилистите Марио Фаундес и Алмут Вогел, креирале фантастична модна фотосерија инспирирана од детската имагинација, соединувајќи одбрани парчиња облека, со пејзажни фотографии направени од птичја перспектива.

И покрај тоа што пејзажните фотографии направени од вешти пилоти биле доста предизвикувачки, сепак фотографиите од облеката направени во студио, му одземале многу повеќе време на Форд, а за некои му биле потребни дури 12 часа работа.

Фотографиите од пејзажите се направени на разни локации во Сицилија, Мароко, Сардинија и Маврициус.

Фотосеријата е наградена од страна на британската Асоцијација за награди за фотографи и од страна на Интернационалните награди за фотографија.rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

Популарно

Може ќе ве интересира