Кој не сака добра миризба? Нашите домови мирисаат специфично, но бидејќи живееме во нив, се навикнуваме на миризбата и често не забележуваме дека воопшто ја имаат. Во маркетите се продаваат различни освежувачи за воздух, некои во вид на спреј, други во вид на миризливи свеќи, некогаш се со свежи, пријатни мириси, други пак имаат јаки, па дури и задушливи мирисни нијанси. Згора на сè, не се евтини.rnrnНо, добра вест е што вакви освежувачи можете да си направите дома, многу лесно, по ваш вкус и со малку пари.rnrn
rn
1. Освежувач за воздух во тегла
rn
Потребно ви е:
rn
- rn011
- Тегла
- Тенџере
- Вода
- Овошје, тревки и зачини по избор
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnИсечете го саканото овошје и ставете го во тегла со вода. Додадете ги и зачините и тревките што ги избравте. Вака подготвената тегла чувајте ја во фрижидер или во замрзнувач максимум 2 недели.rnrn
rnrnПред употреба, префрлете ја смесата во тенџерче и оставете ја да зоврие. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и оставете ја да вари на тивко. Миризбата ќе се рашири насекаде низ вашиот дом.rnrn
rnrnМожете да подготвите повеќе различни тегли и да ги чувате во фрижидер за да ги имате секогаш кога ќе сакате да го размирисате домот. По употреба можете да ги вратите состојките заедно сосе водата во тегла и да го реупотребите миксот уште 2-3 пати. Водата малку ќе се замати, но помирисајте секогаш пред употреба, и ако е во ред, употребете го повторно истиот освежувач. Додавајте вода според потребите за да не добиете спротивен ефект на мирис на загорено.rnrn
rn
Што можете да употребите?
rnПпортокали, лимони, лимета, ананас, пеперминт, розмарин, екстракт од кокос, стапчиња цимет, ѓумбир, ванила, екстракт од бадем, каранфилче, нане, мајчина душица.rnrn
rn
2. Освежувач за воздух во спреј
rn
Потребно ви е:
rn
- rn011
- 1 чисто шишенце со спреј
- 1 лажица сода бикарбона
- 500 мл дестилирана вода
- Есенцијално масло или мирис по ваш избор (10 капки)
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСтавете ја содата во сад и додадете го есенцијалното масло. Измешајте ги состојките со виљушка. Со инка пресипете ја смесата во шишенцето и потопете ја со дестилираната вода. Истресете го шишето секојпат пред употреба.rnrn
rnrnОвие домашни освежувачи за воздух се одлични за да ја одржувате пријатната миризба во домот и не само што нема да ве чинат многу пари, туку и ќе бидете сигурни дека не распрскувате хемикалии кои може да бидат штетни по вашето здравје.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
