КАФЕ ПАУЗА

5 едноставни работи со кои ќе го забавите процесот на стареење

5 едноставни работи со кои ќе го забавите процесот на стареење

Иако не можеме да го прекинеме процесот на стареење, сепак можеме да преземеме неколку работи со кои барем ќе го забавиме. Ова се неколку работи со кои на кожата ќе ѝ дадете комплетно нов изглед и некоја година помалку.rnrn5 едноставни работи со кои ќе го забавите процесот на стареењеrn

Пијте многу вода

rnВодата му помага на вашиот организам нормално да функционира, што се рефлектира и на кожата. Обидете се да пиете по 8 чаши вода дневно.rn

Намалете го стресот

rnДоколку научите како да го контролирате стресот и да се носите со него, тоа значително може да го одржи вашиот изглед. Почнете од поедноставните работи – дишете длабоко, избегнувајте избрзани реакции и немојте премногу да се грижите за работи на кои не можете никако да влијаете и кои не зависат од вас.rn

Користете маски од овошје

rnТокму овие маски можат да ѝ ја вратат влажноста на вашата кожа и да ја нахранат длабоко. Некои од нив можете да ги правите и сами по дома.rn

Редовно вежбајте

rnВежбите ќе ви помогнат да бидете пофлексибилни, ќе се заштитите од голем број можни здравствени проблеми, но и многу подобро ќе изгледате. Доколку не сакате интензивна програма, барем одете редовно на прошетки.rn

Хранете се здраво

rnИсхраната богата со овошје и зеленчук, може многу да значи за вашата кожа, а покрај тоа вие ќе се чувствувате многу подобро и поздраво.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.