Тренди фризура со ситни плетенки собрани во пунџичка
Во летниот период пуштената коса не само што ни пречи на вратот и на рамената, туку и полесно ја губи формата како резултат на тоа што се потиме. Ова е идеална летна фризура – ја држи косата прибрана, дава тренди и опуштен изглед, и не треба да се грижите за неа во текот на денот. Ќе остане одлична со часови откако ќе ја направите.
Чекор 1: Земете мал прамен од едната страна на главата и сплетете го во плетенка.
Чекор 2: Под плетенката, одвојте уште еден мал прамен, поделете го на два еднакви дела и завртете ги еден околу друг до долу (како да правите плетенка со 2 прамени).
Чекор 3: Повторете го истото од другата страна.
Чекор 4: Земете ги двете плетенки и двата завртени прамени и фатете ги со ластиче во задниот дел од главата кај круната.
Чекор 5: Земете го остатокот од косата, завиткајте го нагоре и пикнете го под плетенките и вртените прамени. Прицврстете со шноли. Ако имате подолга коса, можете да го сплетете долниот дел во лабава плетенка пред да го пикнете под плетенките.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.