КАФЕ ПАУЗА

7 навистина чудни музеи во Амстердам

7 навистина чудни музеи во Амстердам

Written by

in

Амстердам е синоним за многу нешта, почнувајќи од фасцинантната архитектура и канали, велосипедите како дел од животниот стил на Холанѓаните до слободата и можностите за разуздано уживање коишто ги нуди за своите посетители. Градот во којшто секој може да се пронајде, нуди култура на едно посебно ниво, особено ако се земат в предвид сите 400 музеи распространети низ него.

rn

Но, оваа листа не го опфаќа музејот на Ван Гог, ниту домот на Ана Франк или пак Rijksmuseum, како еден од најпопуларните дестинации на туристите, но дефинитивно нуди интересен (по малку бизарен) избор на музеи какви што тешко дека можат да се пронајдат на кое било друго место во светот. На крајот на краиштата, Амстердам е градот на гревовите, а „Red light district“ и холандските „кофишопови“ очигледно не се единствените контроверзни места кои можат таму да се пронајдат.

7 навистина чудни музеи во Амстердамrnrn

Вролик Музеј (Museum Vrolik)

rn

Тешко дека овој музеј би претставувал пријатна посета за поголем дел од луѓето, освен ако не станува збор за студенти по медицина или едноставно за љубители на колекции од черепи, коски и други делови од човечкото и животинското тело. Музејот бил основан во 1755 година од страна на Жерардус Вролик – еден од најпознатите холандски научници во тоа време и пионер во областа на тератологијата што ја објаснува огромната колекција од абнормални ембриони, черепи и коски. Вролик ја започнал оваа колекција, а денес музејот е во склоп на Универзитетот во Амстердам каде што постојано се „збогатува“.

7 навистина чудни музеи во Амстердамrnrn

Музеј на тортурата (Torture Museum)

rn

Место посветено на документирање на човечката суровост. Справите се распоредени во мали, темни соби како би се поттикнал морничавиот ефект, каде што дел од нив се заштитени со стакло, но посетителите смеат да ги допираат останатите. Од познатите справи како гилотината до помалку познати примероци, музејот нуди морничава колекција, иако доста од нив се всушност реконструирани од книги и записи, а помал дел се навистина автентични.

7 навистина чудни музеи во Амстердам7 навистина чудни музеи во Амстердамrnrn

Секс музеј (Sex Museum)

rn

Сместен блиску до Централната станица на градот, овој музеј привлекува преку 500.000 посетители секоја година. Станува збор за богата и интересна колекција на предмети поврзани со историјата на човечката сексуалност, од уметнички фотографии, фигури на Мата Хари и Мерлин Монро до статуа од Венера на влезот од музејот. Визуелните ефекти од изложените експонати се засилуваат со повремени извици на задоволство некаде во позадина.

7 навистина чудни музеи во Амстердам7 навистина чудни музеи во Амстердамrnrn

Музеј на хашиш, марихуана и коноп (Hash, Marihuana and Hemp Museum)

rn

Овој музеј е посветен на канабисот и на неговата историска и модерна употреба за религиозни, медицински и културни цели. Музејот нуди информации и за начините на кои конопот може да се употреби за земјоделски и индустриски цели, па дури постои и продавничка во која посетителите можат да си купат облека или козметички производи направени од конопни влакна.

rn

Музејот вклучува и канабис-градина, библија од 1836 година направена од коноп, како и познатото дело на Дејвид Тениерс „Hemp-Smoking Peasants in a Smoke House“.

7 навистина чудни музеи во Амстердам7 навистина чудни музеи во Амстердамrnrn

Музеј на тетоважи (Amsterdam Tatoo Muzeum)

rn

Отворен во ноември, 2011 година, овој музеј е еден од најновите во Амстердам. Посветен на историјата на тетовирањето и пирсингот, поседува повеќе од 40.000 примероци од целиот свет почнувајќи од игли до фотографии, дизајни, постери и слично. Зад самата колекција стои основачот на музејот Хенк Шифмахер.

rn

Поради прегледност предметите се поделени географски, но музејот нуди и дополнителни колекции кои го прикажуваат тетовирањето како дел од разни супкултури (во затвор, војска, во морнарница и сл.) За жал, во моментот музејот се соочува со некои легални проблеми од аспект на сопственост на колекцијата и сè уште не се знае дали повторно ќе заврши во рацете на основачот.

7 навистина чудни музеи во Амстердамrnrn

Плакарче за мачки (KattenKabinet)

rn

Музеј посветен целосно на прекрасните суштества – мачките! Основан во 1990 година од богатиот Вилијам Мејер во чест на неговата сакана мачка Том, денес музејот поседува завидна колекција во која свое место заземаат дури и дела на Пикасо, Ремрант, Теофил Стејнлен и многу други. Музејот воедно е и дом на 5 прекрасни мачки.

7 навистина чудни музеи во Амстердамrnrn

Холандски музеј на погребувањето (Nederlands Uitvaart Museum)

rn

Основан во 2007 година, музејот е посветен на холандската традиција на погребување, искажување на почит кон починатите низ историјата, но и во денешната мултикултурна средина. Колекцијата опфаќа некролози, облека за жалење па дури и погребална кочија од деветнаесеттиот век. Опфатени се историските обичаи, од кралски поворки до рурални традиции кои останале непроменети со векови.

7 навистина чудни музеи во АмстердамrnОчигледно, не за џабе рекле:rn
rn

„Амстердам е град на гревовите, но вистината е дека е град на слободата. А во слободата, повеќето луѓе ги пронаоѓаат гревовите.“


rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn