Поезија: Саботно :)

Поезија: Саботно :)

Автор: Маја

Поезија: Саботно :)

Нема посовршен ден од денес.
За нови почетоци и нови луѓе.
Но, нека започне денот со старите навики.
Кафе, цигара и благо.
И сонце.
Под него, секој има свое место.
Битно е да го пронајдеш,
додека уживаш во својата кожа.
Мизерно е да се обидуваш
да влезеш во туѓа.
Колку и да си мал,
таму не те собира.
Насмевни се,
спонтано.
Ќе откриеш дека дишеш.
Сè уште нешто
можеш да смениш.
Почнувајќи од тебе.
Очите нека ти сјаат.
Ако немаш љубов,
нека ти сјаат од надеж
за љубовта која те чека
на секое ќоше.
Чувај си ги рацете
ширум отворени,
никогаш не знаеш
кој би ти влетал в прегратки.
Тропај за да ти отворат,
барај за да најдеш
и думај:
љубезноста е побитна од убавината,
сексапилот е енергијата и шармот,
а не брендираната облека.
Штиклите не ги прават нозете јаки,
туку помислата дека можеш
до крајот на светот и назад.
Ризиците нека ти бидат игра.
Не доживувај пораз,
туку учи ги лекциите.
Секој ден создавај по една приказна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар