Оваа мала куќа од само 26 квадрати е практична, забавна и магична. Нејзиниот дизајн целосно ќе го освои вашето срце. Куќата која го носи името „Invernes“ се наоѓа на брегот на Северна Калифорнија и служи како мало викенд бегство за топлите летни денови. Едноставноста со која е дизајнирана нè потсетува дека дури и секојдневниот живот можеме да си го поедноставиме и да најдеме совршен баланс кој ќе води до мир и релаксирање.rnrn
rnrnОваа куќа е дизајнирана така што целосно се вклопува во пејзажот на околината, додека пак изборот на материјали е малку чуден и необичен. Таа целосно е склопена од метал, штици, иверица и медијапан, но и покрај тоа што нема да трае стотици години, сепак во моментов викендите поминати во неа можат да бидат без сомнение незаборавни!rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn