Ја запросил со оригинална романтична детска сликовница
Додека некои момци мислат дека криењето на свршеничкиот прстен во чашата вино е оригинално, ќе увидат дека овој маж е веќе неколку светлосни години понапред од нив. Пол Филипс напишал детска сликовница во која станува збор за неговото запросување, и ја натерал љубовта на неговиот живот, Ерика Рамос, да ја прочита на глас, за идејата да биде комплетно романтична.Ова момче ја имало скриено книгата (и една фотографка) во локалната библиотека, кон која се упатил со идната вереница, велејќи ѝ дека мора итно да врати неколку книги, пред да одат на вечера. Додека девојката ја читала приказната за горилата која се заљубила во жирафа, момчето клекнало на колена и ја запросило, а целиот настан бил фотографиран од скриениот фотограф во библиотеката. Можете да претпоставите кој бил одговорот на девојката на вакво запросување, нели!? Прочитајте ја романтичната басна за горилата и жирафата која ја напишал вереникот.
Си беше еднаш една горила
Која се заљубила во жирафа.
Тој се изненадил
Колку многу таа може да го насмее.Овие двајца, знаете
Беа од два различни света.
Првиот состанок беше толку напнат,
Нему му се превртуваа цревата.И покрај нивните разлики,
Тоа беше љубов на прв поглед.
Неговите чувства брзо се развија,
Срцето му полета кон неа.Животот на горилата беше
Некомплетен и расеан,
Но сега е усовршен и сосредоточен
На оние работи кои се важни.Немаше зборови кои можеа да опишат
Колку среќен стана тој.
Без неа покрај него,
Животот ќе му беше тотално гнил.Тешко е да се поверува,
Колку среќни беа тие.
Тој не можеше да си замисли
Ниту еден ден поминат без неа.Па клекна на едното колено,
И го постави прашањето:
„Моја драга жирафке,
Дали ќе се омажиш со мене?“Тој го почувствува биењето на неговото срце,
Како да ќе му излезе низ градите.
Не можеше да направи ништо друго освен да чека
И да се надева дека таа ќе каже ДА.Кога таа конечно одговори,
Тој не можеше да престане да се смешка
Бидејќи знаеше во неговото срце,
Дека ова е само Почетокот!
За илустрацијата му помогнал илустраторот Yoni Limor, кој со фотографии од парот и раскажување за нивното минато од страна на Пол, се запознавал со нивното минато. Воедно, дознал дека романтичните партнери обожаваат да одат во зоолошка заедно. И покрај тоа што го коштало околу 1.000 американски долари за да ја илустрира книгата и да испечати 10 копии, Пол вели дека тоа тотално вредело, бидејќи е спомен кој никогаш нема да го заборават.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.