Многу девојки сакаат да имаат идеално права коса, но освен по посета на фризер, не можат да го постигнат овој ефект сами. Постојат скапи средства за исправување и хемиски процеси со помош на кои може да се постигне ова. Но, постојат и лесно достапни продукти, кои можете да ги ставите на вашата коса дома и да го добиете посакуваниот ефект, без притоа да ја оштетите косата. Напротив, некои од нив дури и ќе ја негуваат и потхрануваат вашата коса додека истовремено ѝ овозможуваат да остане права.
rn
Млеко
rnСтавете во шишенце со спреј 1/3 шолја вода (околу 80 мл) и исто толку млеко. Распрскајте ја смесата убаво низ целата коса. Исчешлајте се со широк чешел, притоа отстранувајќи ги стутканите делови и распоредувајќи го препаратот еднакво по целата должина на влакното. Нанесете го најмалку еден час пред миење. Измијте ја косата со шампон, а потоа ставете и кондиционер. Тоа е тоа. Исправувачкиот ефект ќе трае сè додека не ја измиете косата наредниот пат.
rn
Млеко и мед
rnМожете да ја исправите косата само со млеко, но додавајќи мед, дополнително ќе го потхраните влакното. На овој начин ќе можете да излезете на крај со сувата и со кадравата коса.
rn
Фулерова земја (вид глина)
rnЗемете една помала шолја и наполнете ја со фулерова земја. Префрлете ја во друг сад и додадете 1 јајце и 5 лажички оризово брашно. Измешајте ги состојките. Пред да ја нанесете пастата, исчешлајте ја косата, поминувајќи ја секаде барем по 2-3 пати. Нанесете ја пастата додека сè уште продолжувате со чешлање. Исправувајте. Оставете ја косата 40 минути за глината сосема да се исуши. Употребувајте го препаратот на секои две недели, а една ноќ пред да го аплицирате, намасленувајте ја косата.
rn
Маслиново масло и јајце
rnИзматете 2 јајца и додадете 1 лажичка маслиново масло. Измешајте. Нанесете ја смесата на косата со четка. Оставете ја неколку часа додека се исуши и потоа измијте ја со шампон. Ова ќе ви ја исправи косата и ќе го потхрани влакното.
rn
Сок од лимета и кокосово млеко
rnИзмешајте кокосово млеко и сок од лимета. Измешајте додека не добиете кремаста смеса. Ставете ја смесата во фрижидер и оставете ја да отстои еден ден. Следниот ден нанесете ја смесата на главата и масирајте го скалпот. Со жешка крпа покријте ја косата, а по еден час измијте ја. Повторувајте ја постапката барем 3 пати неделно и наскоро ќе забележите како косата ви се исправува.
rn
Жешко кокосово масло
rnОва е уште една битна придобивка од кокосовото масло. Загрејте една количина и нанесете ја на скалпот. Држете ја 20-30 минути, притоа покривајќи ја главата со топол пешкир. Потоа нанесете шампон. Измијте ја косата и повторно покријте ја со крпа. Држете ја околу 5 минути. Употребете фен или исушете ја природно. Ќе видите на крајот, вашата коса ќе има сјај и ќе делува природно права.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

