Маж патува околу светот за да се фотографира стоејќи на глава
Калифорнискиот фотограф Алекс Вејн патува низ различни делови од светот, за да ги искуси местата од една необична перспектива. Неговиот проект „Headstands“ го започнал во текот на 2011 година кога шетал низ неговата држава. Во секоја сцена Вејн се вметнува себеси во некој типичен пејзаж, додавајќи чуден и неочекуван момент во една навидум просечна фотографија. Додека тој претпазливо го балансира своето тело на темето од главата, природата и светот околу него остануваат исти. Во однос на неговата работа тој вели: „Мојата работа се движи на линијата помеѓу фундаменталната реалност и надреализмот“.
Ќе забележите дека на некои фотографии неговото тело е малку навалено на едната страна, нозете му се навалуваат нанапред или тој го витка грбот за да одржи баланс. Со оглед на фактот дека Вејн би можел да падне, некои од неговите избори, како на пример „дубење“ на врв од карпа или во сред градски сообраќај, делуваат прилично застрашувачки во окото на набљудувачите. Во оваа разиграна колекција од интригантни фотки, гледачите се поканети да патуваат заедно со Вејн низ неговите авантури во потрага по локација за откачен автопортрет. Дел од неговиот избор биле гробишта во Луизијана, парк во Јапонија, пустините во Јута, скејтпарк во Флорида, па дури и во топла бања во Холивуд.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.