Можете да најдете стотици диети, совети и трикови за намалување на тежината и навистина, додека поголем дел од луѓето се борат со вишок килограми, не се посветува доволно внимание на оние кои го имаат спротивниот проблем.rnrnДоколку сметате дека ви недостигаат неколку килограми за поздрав и поубав изглед, следете некои од овие совети и постигнете ја вашата цел на здрав начин.rnrn
rn
Јадете почесто
rnОва правило важи и за оние кои сакаат да изгубат на тежина, но разликата е во изборот на намирници. Иако послабите можат да си дозволат калорични грицки, сепак не е се во бројот на калории, туку и во паметниот избор. Храната која ја јадете треба да биде комбинација од протеини, скроб, зеленчук и масти.rnrnКонзумирајте леб направен од целозрнести житарки, тестенини, млечни производи со ниска масленост, посни извори на протеини, јаткасти плодови, семиња, овошје и зеленчук.rnrn
rn
Протеински шејкови
rnПротеините го хранат мускулот и ќе ви помогнат тежината која сакате да ја покачите да се „складира“ на вистинските места. Без разлика дали ќе подготвите некои од илјадниците рецепти кои можете да ги пронајдете на Интернет или пак ќе се решите за готова формула, шејкот може да биде одличен начин да ја контролирате телесната тежина. Како состојки користете немасно млеко, свежи сокови и мелено ленено семе.rnrnПијте течности 30 минути пред и по оброците, не за време на јадењето за да не се заситувате прерано. Дополнително, ако имате проблеми со апетитот, пробајте со кратки прошетки пред времето за јадење или со лесно овошно смуди кое ќе ви го „раскопа“ желудникот.rnrn
rn
Вежбајте
rnСите ги знаеме придобивките од редовното вежбање, но за оние кои сакаат на здрав начин да покачат тежина, овој дел е особено важен. Освен што ќе ви помогне да го оформите телото на вистинскиот начин, редовното вежбање ќе ви отвори и апетит. Покачете ја мускулната маса и без проблем ќе го добиете телото кое го посакувате.rnrnЈадете високопротеински чоколатца или пијте протеински шејкови веднаш по вежбањето за да ги нахраните мускулите. Исто така, доколку вежбате, добро е да косзумирате висококалорични и високопротеински шејкови пред спиење.rn
Калорични ужини и додатоци
rnИако најголем дел од обичните смртници мора постојано да внимаваат на калоричните ужини, вие слободно можете да го избегнете ова правило. Ставете екстра сос во цезар салатата, изрендајте сирење над помфритот – има многу вкусни комбинации кои можете да си ги дозволите.rnrn
rnrnИсто така, за ужина грицкајте јаткасти плодови, консумирајте путер од кикирики, сушено овошје и авокадо и комбинирајте ги овие продукти со друга храна. Сепак, дури и кога сакате да ги покачите килограмите, треба да бидете внимателни со внесувањето на шеќери и да избирате здрави слатки задоволства.rnrnАко немате проблеми со холестеролот, можете да уживате во полномасни млечни производи. Наместо вода, пијте сокови, во салатите, супите и манџите додавајте маслиново масло, а како замена за некои од оброците пијте калорични смудиња.rn
Додатоци во исхраната
rnНеправилната исхрана ја нарушува благосостојбата на организмот, па особено е важно да го надополните недостатокот од витамини и минерали. На пазарот постојат безброј видови додатоци во исхраната, па во консултација со вашиот доктор можете да ги изберете вистинските за вас. Доколку имате проблеми со апетитот, ова може да биде едноставно решение.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
