5 најчести митови за губењето килограми

Сподели

Дали имате проблем во борбата со килограмите? Дали веќе долго време пробувате да ослабнете, но не ги постигнувате посакуваните резултати? Можеби сте поверувале во некој од митовите за губењето килограми кои ви го отежнуваат патот до целта. Ова се 5-те најчести митови за слабеењето.rn

Реклама

Мит #1: Не треба да се јаде по 18 часот

rnСите сме чуле совети од типот не внесувај храна по шест или по осум часот навечер. Според тие совети, или подобро кажано, тој мит, јадењето по одредено време во денот предизвикува зголемување на килограмите. Овој мит е поправен од страна на многу експерти и нутриционисти, а една од нив е Елиса Зеид која тврди дека нема апсолутно никакви докази дека консумирањето храна по одреден временски период во текот на денот би водело до накачување на килограмите.rn

Вистина

rnАко чувствувате дека сте многу гладни доцна навечер тоа е показател дека не сте се хранеле доволно добро во текот на денот. Ако прескокнувате оброци голема е веројатноста дека ќе се прејадете за време на вечерата. Значи не е важно времето кога јадете туку гладувањето па прејадувањето е она што причинува зголемување на килограмите. Создадете навика да јадете приближно во исто време секој ден, не изгладнувајте. Со неконстантно внесување храна во организмот, не само што ќе имате проблем со контролата на килограмите туку и проблем со своето здравје.rn

Мит #2: Треба да се избегнува буквално секаква храна која содржи јаглехидрати

rnСпоред овој мит, оние кои сакаат да ги намалат килограмите не смеат да јадат апсолутно ништо што содржи јаглехидрати. Воопшто да не се внесува леб, тестенини или ориз. Но, која е вистината?rn

Вистина

rnЈаглехидратите се многу важни извори на енергија во организмот. Доколку целосно ги избегнувате, вие нема да имате енергија да вежбате и да бидете доволно физички активни. Јаглехидратите му се потребни на организмот, само што постојат „добри“ и „лоши“ јаглехидрати. Подобро да ги избегнувате преработените јаглехидрати како белиот леб, белите зрна и шеќери. Тие се рафинирани јаглехидрати и не содржат доволно хранливи состојки. Наместо тоа консумирајте пченичен леб, интегрални житарки, грав, кафеав шеќер…rn

Мит #3: Со прескокнување оброци полесно ќе изгубите килограми

rnМногумина веруваат дека со прескокнувањето оброци или со внесувањето сосема мала количина на храна колку да го поминат денот, ќе изгубат килограми.rn

Вистина

rnВистината е целосно спротивна. Прескокнувањето оброци ќе придонесе за покачување на вашата телесна тежина. Најважно од сè е да го започнете утрото со обилен појадок и во никој случај да не го прескокнете првиот оброк во текот на денот.

Зошто ова тврдење е само мит? Доколку прескокнете некој оброк, ќе изедете повеќе во текот на наредниот. А дури и да умеете да се контролирате, вие сепак го навикнувате телото на режим на исхрана што ќе го забави вашиот метаболизам, а со тоа и согорувањето калории. Доколку вашето тело го навикнете да гладува, тоа ќе се научи да чува резерви на храна, а со тоа побавно ги согорува маснотиите и го забавува метаболизмот. Затоа баш обратно од очекувањата, кога ќе прескокнете некој оброк сепак ќе се чувствувате подуено.rn

Мит #4: Вежбањето е единствен начин да ги намалите килограмите

rnВежбате можеби и по 2 часа дневно, но сепак не ги намалувате килограмите?rn

Вистина

rnИ вежбањето и здравата исхрана се важни и би требало да се воспостави некаков баланс. Доколку вежбате напорно, но не внимавате на калориите и внесувате повеќе отколку што трошите, не очекувајте некои големи резултати. Вежбањето и физичката активност се важни за вашето здравје, но кога примарната цел ви е да изгубите килограми поради која било причина, треба многу да внимавате и на храната која ја внесувате додека трае вашиот режим на вежбање.rn

Мит #5: Треба да се јаде исклучиво здрава храна

rnВи кажуваат дека со цел да изгубите килограми мора да внесувате само здрава храна, овошје и зеленчук, и вие го правите тоа, но сепак не губите килограми. Која е причината?rn

Вистина

rnДа, важно е да се внесува здрава и свежа сезонска храна. Се препорачува консумирање овошје и зеленчук. Но во никој случај не значи дека тоа е единственото нешто што треба да го внесувате. Разновидноста во исхраната е многу важна. Вашата исхрана треба да содржи и протеини и „здрави“ јаглехидрати.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира