КАФЕ ПАУЗА

Вкусни колачиња со кафе и чоколадо

Вкусни колачиња со кафе и чоколадо

Подготвивте вкусен десерт денес? Доколку ви треба идеја, овие колачиња со кафе и чоколадо мора да ги пробате. Тие се одличен начин да ја задоволите вашата потреба за кофеин и чоколадо истовремено.Вкусни колачиња со кафе и чоколадоПотребни состојки (за колачињата):rn

    rn011

  • 100 г гранулиран шеќер
  • rn011

  • 100 г кафеав шеќер
  • rn011

  • 115 г путер или маргарин (мек, чуван на собна температура)
  • rn011

  • 1 јајце
  • rn011

  • 150 г брашно
  • rn011

  • 1 супена лажица инстант кафе (неподготвено)
  • rn011

  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • rn011

  • ¼ кафена лажичка сол
  • rn011

  • 60 г сечкани ореви
  • rn011

  • 3 полуслатки чоколади сечкани на парчиња
  • rn

rnЗа преливот од кафе:rn

    rn011

  • ½ кафена лажичка инстант кафе (неподготвено)
  • rn011

  • 1 супена лажица вода
  • rn011

  • 65 г шеќер во прав
  • rn

rnНачин на подготовка: Загрејте ја рерната на 180˚C. Во голем сад додадете го шеќерот во гранули, кафеавиот шеќер, путерот и јајцето. Изматете добро со миксер на средна брзина или мешајте со лажица додека смесата не стане кремаста. Потоа додадете брашно, кафе, сода бикарбона и сол. Добро измешајте, па додадете ги и сечканите ореви и ситните парчиња чоколадо.rnrnСмесата ставете ја во шприц за готвење со поширок отвор и на хартија за готвење шприцајте по малку од смесата, само внимавајте да бидат оддалечени околу 4 центиметри за да не се спојат колачињата во текот на печењето.rnrnПечете 12-15 минути, додека не станат бронзени. Почекајте 4 минути, па преместете ги во сад погоден за ладење. Оставете целосно да се изладат околу 30 минути.rnrnЗа да го направите преливот, измешајте го кафето со водата, потоа додадете го и шеќерот, па мешајте за да добиете кремаста смеса. За крај декорирајте ги колачињата со помош на преливот од кафе.rnrn
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.