Кога ќе потопите живо јајце во бел оцет и ќе го оставите да седи 2 дена, ќе настане хемиска реакција која целосно ќе ја разложи лушпата, испуштајќи јаглерод диоксид. Лушпата на јајцето е во најголем дел сочинета од калциум карбонат и поради тоа е цврста, а оцетот содржи оцетна киселина.rnrn
rnrnПа така, кога ќе ставите јајце во сад со оцет 12-24 часа, лушпата ќе се разложи, а јајцето ќе стане интересно како желе. Кога ќе заврши хемискиот процес, ќе забележите дека на јајцето нема лушпа, туку само тенка мембрана, која ја чува внатрешноста на јајцето и многу лесно може да се дупне.rnrn
rnrnВнимателно извадете го јајцето, истурајќи го од садот со оцет, врз вашата дланка и потоа измијте го со вода.rnrn
rnrnКога ќе го споредите со друго јајце со лушпа, ќе видите дека јајцето коешто седело во оцет, се зголемило. Ова е така, бидејќи дел од оцетот (и од водата во оцетот) влегла низ мембраната, во јајцето. Мембраните на јајцата се полуспроводни и дозволуваат водата да влезе низ нив. Вака добиените јајца се нарекуваат голи јајца.rnrn
rnrnДоколку го направите истиот експеримент со сварено јајце, лушпата исто така ќе се разложи, а јајцето ќе стане еластично како гумено топче.rnrn
rn
Скокачко јајце
rnГолите јајца се забавни на изглед, но експериментирањето со нив е уште позабавно. Сте помислиле ли некогаш дека можете да си играте со јајцето како со топче? Благодарение на гуменестата структура на голото јајце, тоа ќе потскокнува доколку го тапкате од масата. Само имајте на ум дека доколку се дупне мембраната, а голото јајце сте го подготвиле од живо јајце, ќе направите хаос во вашата кујна.rnrn
rn
Големо, обоено јајце
rnДоколку сакате голото јајце навистина да се зголеми, можете да го потопите во чаша со вода, која ќе навлезе низ мембраната. Овој процес се нарекува осмоза. За да биде големото јајце уште поинтересно, сипете боја за храна во водата, која ќе го обои целото јајце.rnrn
rn
Дехидрирано јајце
rnСтавете го голото јајце во чаша полна со сируп од пченка и оставете го да стои ден-два и ќе забележите дека целото ќе се стутка и ќе изгледа многу смешно, како торбичка. Тоа е така, бидејќи пченкарниот сируп има многу мало количество вода и повторно по пат на осмоза, водата од јајцето ќе излезе низ мембраната. Доколку го оставите јајцето во сирупот доволно долго, тоа ќе почне да наликува на суво грозје. Ако па ви се смачи од исушениот изглед на јајцето, вратете го повторно во чаша со вода и ќе му се врати обликот.rnrn
rn
Дали смее да се јаде голото јајце?
rnНе е препорачливо да го јадете голото јајце. Имајте на ум дека е стоено со денови во оцет, на собна температура. Дури и ако го чувате во фрижидер додека трае процесот и потоа го сварите, сè уште не е препорачливо да се јаде, бидејќи веројатно нема да има добар вкус поради киселоста на оцетот. Голото јајце не би требало да мириса лошо, доколку експериментирате со него 2-3 дена, но ќе почне да мириса ако го оставите цела седмица.rnrnПогледнете го и видеото за да ги видите овие интересни експерименти во пракса.rn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
