КАФЕ ПАУЗА

Како да ги одберете совршените очила за сонце?

Како да ги одберете совршените очила за сонце?

Очилата за сонце одамна не се „само“ моден додаток и станаа незаобиколен дел од секоја летна комбинација. Квалитетните очила за сонце не служат само за привлекување внимание и за надополнување на изгледот, туку се и неопходна заштита од опасното УВ зрачење. Очите се десет пати почувствителни на УВ зраците отколку кожата, а овие зраци можат и трајно да го оштетат видот.rnrnКако да ги одберете совршените очила за сонце?rnrnНа поголем ризик се изложени луѓето со сини очи бидејќи имаат помалку пигмент, што значи дека се почувствителни на зрачењето. На своите очи можете да им помогнете и со здрава храна. Грашокот, кељот, спанаќот и останатиот лиснат зеленчук содржи лутеин, кој помага во спречувањето штетното сино светло да дојде до позадината на окото.rnrnКога ќе одбирате очила имајте го превид следново:rn

УВ заштита

rnПрепорачливо е да купите очила од познат произведувач кои пружаaт вистинска УВ заштита од сонцето. Изберете модел на кој пишува 99% или 100% заштита. Само тие навистина штитат.rn

Нека бидат темни

rnАко се погледнете во огледало и низ стаклата ги гледате своите очи, тогаш тие нема доволно да ја блокираат светлината. Полупроѕирните очила не ни изгледаат добро.rn

Важна е рамката

rnОчилата не треба да ви паѓаат, туку да стојат цврсто дури и кога ја мрдате главата.rn

Купете ги од оптика

rnНаместо на улица, купете очила во оптика. Така ќе добиете совет од стручњак, а тој ќе ви помогне и да изберете модел кој ги следи цртите на вашето лице. Секогаш барајте рамка која ја следи линијата на веѓите.rnrnЗа да не погрешите во изборот на формата на очилата, прочитајте кои најдобро ќе ви стојат, според обликот на вашето лице.rn

Срце

rnДа: мачкести и заоблени очилаrnrnНе: премногу декоративни очилаrnКако да ги одберете совршените очила за сонце?rn

Правоаголник

rnДа: големи очила и прилепени за лицетоrnrnНе: премногу кратки очила во однос на лицетоrnrnКако да ги одберете совршените очила за сонце?rn

Овал

rnДа: секој вид очила добро стои на овално лицеrnrnКако да ги одберете совршените очила за сонце?rn

Квадрат

rnДа: кружни, овални и очила со облик на мачкини очиrnrnНе: премногу остри геометриски облициrnrnКако да ги одберете совршените очила за сонце?rn

Круг

rnДа: широки, правоаголни очилаrnrnНе: кружни очила, дебели рамки во бојаrnrnКако да ги одберете совршените очила за сонце?rnrnСлични правила при изборот на очила за сонце според обликот на лицето, важат и за мажите.