Загризот на сочно парче лубеница додека сокот полека се растекува по лицето е една од првите асоцијации на летото. Покрај тоа, ова вкусно овошје носи и бројни бенефити за здравјето.
rn
Одлична хранлива вредност
rnДури 92% од лубеницата е вода, има премалку диетални влакна, масти и протеини за да се споменат, но остатокот им припаѓа на многу витамини и минерали. Само едно парче од 150 грама содржи дури 25% од дневната потребна количина на витамин Ц, 10% од потребите за витамин А, калиум и помали количини на калциум, железо и витамини од Б комплексот.
rn
Помага во намалувањето на килограмите
rnИстото парче содржи само 46 калории, правејќи ја одличен избор за ужина или десерт за оние кои се обидуваат да симнат некој килограм.
rn
Го зајакнува имунитетот
rnВитаминот Ц го стимулира создавањето на белите крвни зрнца и со тоа го зајакнува имунитетот. За жал, овој витамин не може да се складира во организмот и затоа е препорачливо секој ден да се внесува, така што честото консумирање лубеница е пожелно.
rn
Го подобрува изгледот на кожата
rnВодата и големата количина витамини и антиоксиданси во лубеницата ги неутрализираат слободните радикали, помагаат во хидратацијата на кожата и го спречуваат нејзиното оштетување.
rn
Го регулира крвниот притисок
rnВисоката концентрација на амино киселината цитрулин во лубеницата придонесува за опуштање на крвните садови, а со тоа и за подобар проток на крвта низ целото тело.
rn
Заштита од болести
rnАнтиоксиднасот ликопен го спречува оштетувањето на здравите клетки во организмот причинети од метаболичките процеси и стареењето. Поради тоа се поврзува со заштита од кардиоваскуларни заболувања и одредени видови на рак.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

