Емотивни портрети на напуштени кучиња

Сподели

„Мило ми е што ве сретнав“ е уште една емотивна фотосерија со напуштени кучиња, дело на британскиот уметник, Martin Usborne. Фотографирајќи ги низ чад, вода и други материјали, тој се обидува да ни ја долови нивната тага, немоќ, збунетост, надеж, агресија… и сè она што е последица на еден осамен начин на живот.

Реклама

При објаснувањето на серијата фотографии, Мартин се присетува на денот, „виновен“ за ова негово последно дело.rn
rn

„Се сеќавам на средбата со еден странец. Тоа беше убав сончев ден, а јас страдав од депресија“ – раскажува тој…

„Мило ми е што те сретнав, како си?“ – го запрашал странецот.

„Добро сум“ – му одговорил Мартин, додека во себе како што вели, му доаѓало силно да вресне.

rnОваа куса комуникација со странецот го натерала на свој начин да одговори што се случува со нас, во тешките емотивни денови кои ги потиснуваме длабоко во себе. За да ги сокриеме тагата, болката или немирот што го чувствуваме, експресно демонстрираме учтивост, ароганција, незаинтересираност…

Овие емоции, кои ги делиме со животните, се обидел да ги објасни токму преку нив (сите се кучиња-скитници, со исклучок на претпоследната фотографија на која е прикажан волк).


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

Популарно

Може ќе ве интересира