5 задолжителни летни парчиња облека

Сподели

Во текот на летните месеци секогаш сакаме да носиме лесна и удобна гардероба која лесно може да се трансформира и во дневна и во вечерна варијанта и која не зафаќа многу простор, за да ни ја собере во плакарот и во куферот за летување.

Реклама

Ова се парчиња облека, кои ќе ги исполнат сите ваши потреби во текот на летото и кои задолжително морате да ги имате. Тие се модерни и актуелни ова лето, но постои веројатност некои од нив да ги имате од претходните сезони.rn

Капри панталони со принт

rnПопуларните три-четврт панталони или фармерки се совршени за кој било период од денот. Можете да ги комбинирате со скоро сите дневни парчиња, а добро изгледаат и со рамни сандали и со високи потпетици.

rn

Плик-чанта во светла боја

rn

Ваквата чанта ќе ви помогне да ја разбиете секоја ваша дневна комбинација, а во сите продавници ќе најдете голем број модели и нијанси. Ваше е само да одберете која најмногу ќе ви одговара.

rn

Тенка летна кошула

rnКошула од лесен материјал е задолжително парче кое повеќето жени најверојатно го имаат во својот плакар. Доколку немате, тогаш купете некоја со интересни детали на неа.

rn

Сандали на плута

rn

Доколку сте во потрага по совршени сандали за ова лето, одличен избор се оние со полна пета. Доколку не сте љубители на високи потпетици, тогаш сигурно ќе пронајде некои поудобни со помала плута.

rn

Макси фустан

rnЗадолжително парче оваа сезона се макси фустаните. Сон нив многу брзо и лесно ќе се спремите за секоја прилика, ќе се чувствувате комотно, а и ќе изгледате прекрасно.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира