Бизнис од сопствената фризура

Бизнис од сопствената фризура

Оние кои носат мохавк фризури секогаш се издвојуваат од останатите со својот имиџ, но кога таквата фирзура е претворена во билборд, тогаш нејзината атрактивност е многукратно зголемена. Мохавк Гез од Помпано Бич од Флорида, чие вистинско име е Гезми Џозеф, од својата фризура прави бизнис. Сфатил дека луѓето лесно го забележуваат неговиот стајлинг и дека во тоа има добар комерцијален потенцијал, па одлучил својата фризура да ја искористи како простор за рекламирање. Бизнис од сопствената фризураВоопшто не е тешко да се вгради билбордот на неговата фризура, затоа што тој се црта за кратко време со спреј. Еден од неговите ангажмани бил да посети неколку спортски натпревари во Мајами носејќи го логото на една кетеринг компанија на својата глава.

„Тоа беше извонреден маркетинг. Тоа беше големо претставување какво што не било направено никогаш порано“, велат од комапнијата.

Бизнис од сопствената фризураСепак, бизнисот на Мохавк Гез сè уште не е многу развиен. Најголем дел од услугите ги врши бесплатно за свои пријатели, или носи некакви цртежи за да се промовира. За полесно да го постигне тоа има и свој веб-сајт, каде што можат да се видат различни дизајни кои треба да привлечат нови клиенти.Бизнис од сопствената фризура Бизнис од сопствената фризура Бизнис од сопствената фризура Бизнис од сопствената фризура Бизнис од сопствената фризура Бизнис од сопствената фризура Бизнис од сопствената фризура Бизнис од сопствената фризура


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар