КАФЕ ПАУЗА

Љубовен астролошки профил за женски лавови

Љубовен астролошки профил за женски лавови

Сте се затрескале во девојка родена во знакот лав? Човек не може да ве обвини. Нејзе не можете да не ја забележите и таа е вистинска награда, доколку успеете да ја уловите. Мора да сте амбициозно момче ако сакате да ја освоите лавицата, бидејќи ќе мора да вложите екстра напор и да бидете вреден за нејзиното присуство. Па, таа е кралица на џунглата. Доколку не ги исполните нејзините барања, таа ќе го вклучи копчето за својот шарм и ќе го употреби за некој друг. Не дозволувајте да ви избега.rnrnЉубовен астролошки профил за женски лавовиrnrnЖената-лав може да биде опасна. Таа ги има сите карактеристики на огнен знак и едноставно не можете да ја сопрете. Таа прво го набљудува пленот, го планира нападот и потоа напаѓа. Нема шанси да ја спречите или да ѝ го смените мислењето во врска со нејзините желби. Штом ќе намисли нешто, подобро тргнете ѝ се од патот.rnrnТаа е одлучна и ги остварува сите нејзини желби, но сепак е осамена на врвот. Кралица со толку страст и искра колку што има жената-лав заслужува достојно друштво. Се прашувате што би ве направило вам достоен за неа? Доколку сфатите дека таа треба да биде постојано обожувана, дека не можете да ја запрете и да ја контролирате, на добар пат сте да бидете нејзин придружник во кралството. Не влегувате во врска со жена родена во огнен знак за да ви биде трофеј, туку се врзувате со неа за да го освоите светот заедно, како еднакви.rnrnПред да почнете со освојувањето, мора да ви биде јасно дека ова нема да биде едноставна задача. Мора да знаете како точно да ѝ пристапите бидејќи тоа е најважната работа која ќе треба да ја направите. Жената-лав не се импресионира лесно. Во состојба е лесно да ви го сврти грбот доколку не успеете во тоа. Запомнете дека таа се доживува себеси како кралица и лесно може да ги поткрепи нејзините ставови со долгата листа на успеси. Таа не само што секогаш размислува, таа знае, па мора да знаете и вие.rnrnЉубовен астролошки профил за женски лавовиrnrnСамодовербата е клучот за сè кога станува збор за неа. Пристапете ѝ со самодоверба и со мала скромност. Забележете ги нејзините вредности и кажете ѝ ги. Ласкањето ќе ви овозможи да го постигнете она што го сакате со лавицата. На лавовите никогаш не им е доста од внимание, комплименти и ласкање. Кога ќе ја поканите на состанок, прво смислете го планот во глава. Таа сака некој што знае кога и каде планира да ја одведе пред тие да тргнат заедно.rnrnОднесете ја каде било. Таа е жена со која владее сонцето, па секакви надворешни активности се добра идеја. Не плашете се да ја однесете на места кои се одликуваат со чувство на елеганција и стил. На вакви места многу е можно таа да се чувствува удобно. Таа сака места на кои може да им ја сврти главата на сите кои се таму. Сака да се покажува, и тоа не само себеси, туку и нејзиниот партнер. Затоа погрижете се секогаш да бидете добро облечени. Првиот состанок ќе значи сè, па потрудете се да изгледате добро, да зборувате убаво и да бидете фокусирани на неа.rnrnЉубовен астролошки профил за женски лавовиrnrnТаа е жена која знае како да ги истакне нејзините вредности, без разлика на нејзината финансиска и интелектуална состојба. Ако има 300 денари во џеб, ќе го купи најдоброто за тие пари и ќе се шепури со тоа како да е злато. Таа знае дека златото изгледа добро „покрај“ неа и очекува секој со кого се гледа да може да го забележи тоа. Лавицата дури и не би се гледала со некој што не е толку амбициозен како неа.rnrnЗа време на првиот состанок таа ќе ве процени добро и нема воопшто да се воздржува да си замине ако не ѝ е интересно. Затоа, не давајте ѝ причина. Прашајте ја што сака во животот и кажете ѝ за вашиот. Кажете ѝ што сакате да постигнете и како планирате да го остварите тоа. Колку повеќе ѝ покажете дека би оделе на различни места за да ги освојувате, толку повеќе таа ќе сака да биде со вас во џунглата.rnrnЉубовен астролошки профил за женски лавовиrnrnНемојте да мислите дека ако сте поминале неколку состаноци заедно, оттука натаму сè ќе оди како подмачкано. За тоа може да бидат потребни неколку месеци, па дури и две години. Штом се смирите и ѝ оставите впечаток дека нема да се повлечете, таа ќе скокне кон вас. Ако веќе сте добиле место во нејзиниот живот, потрудете се да оставите најдобар впечаток што можете. Со неа може да ви биде многу забавно, штом таа ќе сфати дека сте нејзина лига.rnrnДел од забавата со вашата лавица е сексот. Подгответе се добро за тешка работа. Како и општо во животот, така и во сексот, таа настапува со цел да победи. Но, и двајцата ќе бидете многу среќни и заситени кога ќе заврши вашата интимна сесија. Таа дава насоки, ве возвишува и ги мултиплицира оргазмите. Но, и вие треба да дадете подеднакво. Таа ќе ви каже како точно ѝ се допаѓа. И вие можете да ѝ кажете што сакате. Слободно зборувајте валкано колку што ви душа сака. Слушајќи ја, таа ќе успее да ве задоволи само со нејзиниот секси глас. Таа нема да престане, а не престанувајте ни вие сè додека и двајцата не можете да ја дигнете главата од перница. Со лав во кревет, треба многу да се трудите, но и многу ќе си играте.rnrnЉубовен астролошки профил за женски лавовиrnrnМожеби си мислите дека за да привлечете жена во знакот лав ви треба многу работа. Но, не. Работата се состои во тоа да ја задржите. Креативноста е потребна исто колку што се потребни ласкањата и возвишувањата. За да ја водите врската кон напред, не треба да бидете фокусирани само на работата и на амбициите, туку и да си поминувате убаво заедно и да се забавувате.rnrnТаа може и да предизвикува неповолни ситуации за врската, не само заради тоа што ѝ е забавно, туку и за да ви ги оцени реакциите. Додека оваа жена не се омажи, секогаш ќе го „мери“ нејзиниот партнер, па дури и потоа.rnrnВе предупредивме дека лавицата е моќна жена која не можете да ја игнорирате. Може да има некои препреки одвреме-навреме, како и денови кога ќе се запрашате зошто воопшто се трудите, но таа е доказ дека сè што е вредно колку златото, не е ниту лесно ниту евтино.rnrnЉубовен астролошки профил за женски лавовиrnrnТаа ќе ве направи подобра личност и ќе ве научи нешто за вас самите. Таа сака сè што светот може да ѝ понуди и не се плаши да работи за да го оствари тоа. Затоа, вложувајте во врската или прекинете ја доколку не можете да се движите по патот на ѕвездите. Вашата лавица вреди да ја уловите и затоа никогаш не испуштајте ја.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.