Кафето е добро за вас

Кафето е добро за вас

Изеди го целиот спанаќ од твојата чинија“, слушаме постојано по дома. „Здраво е за тебе“. Па, можеби навистина е здраво, но како некој би можел да знае дали тоа ќе ни помогне да живееме поздраво и подолго? Сите видови режими на исхрана и начини на живеење ни се на располагање. Но, колку објективни докази навистина постојат? Еден начин да се пристапи кон ова прашање е доколку се најдат испитаници за долгогодишна студија и преку често анкетирање да се детерминира како тие живеат, што јадат и какви болести развиваат.Кафето е добро за васОдвреме-навреме, како што се насобираат податоците, истражувачите објавуваат статистички значајни опсервации во медицински списанија. Најновата студија спроведена од научници од Харвард, сумира неколку од овие истражувања кои се фокусирани на кафето.

Кафето ја промовира долговечноста или поради високите нивоа на антиоксиданси или поради кофеинот. Кафето спречува одредени болести кои во нормални ситуации би можеле да резултираат со смрт. Придобивките веројатно доаѓаат од позитивните ефекти врз метаболизмот на шеќерите, воспалението и крвните зрнца.

Една причина поради која дури сега ги откриваме појасно овие докази за придобивките од кафето е бидејќи љубителите на кафето најчесто се и пушачи, и негативниот ефект од цигарите ја маскира потенцијалната придобивка од кафето. Но, без разлика на тоа што сега се намалува бројот на пушачите, истражувачите од Харвард одлучиле да се фокусираат на љубителите на кафе кои се непушачи.

Слични нешта кои ги маскираат придобивките од кафето можат да се појават и кај оние кои претерано конзумираат шеќер или сол, јадат премногу заситени маснотии и се со поголема телесна тежина или се претерано под стрес, а не вежбаат доволно. Досега, истражувачите не ги класифицирале податоците на овој начин, но доколку го сторат тоа можеби ќе откријат дека кафето е уште поздраво за нас отколку што во моментов се верува.

Кога се чувствува ефектот на придобивките, без разлика дали се работи за обично кафе или за безкофеинско, како во случаите со рак на мозокот или дијабетес, научниците сметаат дека причината се крие во антиоксидансите. Во сите други ситуации, придобивките се препишуваат на кофеинот.

Секако, сите овие придобивки почнуваат да се чувствуваат со тек на време. На пример, доколку почнете да пиете кафе во вашите 60-ти, големи се шансите да не го почувствувате оној ефект кој го чувствуваат оние кои цел живот редовно пијат кафе.

Меѓудругото, научниците од Харвард откриле и дека кафето (посебно од антиоксидансите во него) може да има позитивно влијание и врз вашето општо здравје, како и врз квалитетот на вашиот живот. Антиоксидансите можат да се најдат во различни форми и оние во кафето се сосема различни од оние во боровинките, цитрусните овошја, чајот, темните зеленчуци, виното и темното чоколадо.

Друго нешто што оваа група на истражувачи открила е дека не е само важно ШТО јадете, туку и КОГА јадете. Тие велат дека е многу подобро да јадете мали количини здрава храна повеќе пати на ден, отколку да имате неколку големи оброка кој создаваат отскок на гликозата и инсулинот во вашата крв, што може да биде предзнак за развивање на дијабетес.

Тие исто така откриле и дека појадокот е најважен при спречувањето на дијабетесот. Во една 16-годишна студија се покажало дека ризикот за појава на дијабетес бил за 21% поголем кај оние кои рутински го прескокнувале појадокот, без разлика на нивната телесна тежина или квалитетот на нивната исхрана.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар