КАФЕ ПАУЗА

10 интересни мексикански суеверија

10 интересни мексикански суеверија

Дали се сметате себеси за суеверни? Или пак верувањата дека предметите и постапките на луѓето ја определуваат (не)среќата за вас, е исто како да верувате во духови или други глупави нешта? Верувале или не, интересно е да се прочитаат овие 10 мексикански суеверија, во кои овој народ силно верува.rn

1. Лошо око

rnДоколку некој зјапа во бебе и не го допира, се верува дека може не само да го урочи, туку и да го повреди. Тоа се нарекува „Лошо око“ или на шпански „Mal de Ojo“. Доколку некој го урочи бебето тоа почнува да се разболува, да крева висока температура, силно да плаче и никој не може да го утеши. За да се излекува од „лошото око“, на бебето му прават ритуал со живо јајце, кое се тркала по неговото тело, со цел во него да се апсорбира негативната енергија на личноста којашто го урочила. Потоа, јајцето се крши на половина и се става во чаша со вода којашто се позиционира под креветчето, во близина на главата на бебето.rnrn10 интересни мексикански суеверијаrnrnНабрзо или утрината се проверува дали јајцето во чашата личи како да се зготвило. Доколку тоа се случило, според нивното верување значи дека бебето имало „Mal de Ojo“ и во истиот момент, тоа ќе почне да се чувствува подобро и набргу болеста ќе му исчезне. Воедно, се верува дека доколку знаат која е личноста којашто го зјапала бебето и ја повикаат истата да дојде и овој пат да го допре бебето, неговата болест ќе се излечи.rn

2. Ќе ми ја подадеш солта или не?

rnДоколку во Мексико побарате некој да ви ја подаде солта од масата в рака, тоа е повикување на несреќата. На шпански „La Mal Sal“ значи лоша сол, што е сленг кој се користи за „лоша среќа“. Оние коишто веруваат во ова суеверие, мораат да побараат солта прво да биде спуштена на масата, пред да ја земат во својата рака.rnrn10 интересни мексикански суеверијаrn

3. Чантата никогаш не смее да биде на подот

rnИсто како и во македонската култура, така и во Мексико, оставањето на чантата на земја се смета дека носи лоша среќа, односно дека на тој начин ги фрлате вашите пари. Најдобро е чантата секогаш да биде близу вас и да ја придржувате.rnrn10 интересни мексикански суеверијаrn

4. Забрането чистење на нозете со метла

rnСе верува дека чистењето на нозете со метла на некој којшто не е во брак, ќе му/ѝ донесе лоша среќа. Тоа значи дека таа личност ќе искуси лоши љубовни врски или никогаш нема да направи свадба. Со други зборови, со метлата се брише сета среќа и можност за брак на таа личност.rnrn10 интересни мексикански суеверијаrn

5. Ѕунење на ушите

rnДоколку ви ѕунат или одѕвонуваат ушите, тоа значи дека некој ве збори. Некои веруваат дека доколку ви ѕвони десното уво тоа значи дека личноста зборува нешто убаво за вас, а доколку е левото, тогаш значи дека ве озборува. Доколку ви ѕвони левото уво, тогаш треба да си го гризнете јазикот, со надеж дека и личноста која ве озборува ќе си го гризне јазикот како казна заради тоа што зборува лоши работи за вас.rnrn10 интересни мексикански суеверијаrn

6. Споделете ги вашите кошмари

rnДоколку имате кошмар мора да го раскажете, особено доколку во него се вклучени луѓе коишто ги познавате. Доколку го споделите кошмарот, тоа ги уништува сите шанси сонот да се претвори во реалност. Кошмарот треба да се раскаже гласно, слободно и без чувство на страв, а не само да се сподели.rn

7. Поврзаноста помеѓу безопасните игли и полната Месечина

rnКога жената е бремена, таа треба да го заштити нејзиното дете од полната месечина која може да предизвика болести, смрт или деформација на бебето. За да го заштити своето неродено дете, мајката треба да закачи безопасна игла на облеката, колку што може поблиску до стомачето.rnrn10 интересни мексикански суеверијаrn

8. Не чешајте ја дланката кога ве чеша

rnУште едно слично суеверие делиме со Мексиканците. Кога раката чеша, тоа значи дека наскоро ќе добиете некои пари. Но, доколку ја почешате, тоа ќе ви го оттргне богатството од вашите раце. Па затоа, наместо да ја почешате дланката, во неа треба да ставите метална или хартиена пара и да ја протриете, сѐ додека потребата за чешање сосема не исчезне.rnrn10 интересни мексикански суеверијаrn

9. Лижење паричка

rnСе верува дека брзо решение за да престане да ви тече крв од нос, е со лижење на метална паричка и потоа нејзино ставање на вашето чело. Кога паричката ќе се исуши, можете да ја тргнете од челото и течењето на крвта ќе престане.rn

10. Бремените не смеат да ја фарбаат или кастрат косата

rnОчигледно, бремените жени во Мексико немаат некој голем избор кога станува збор за средувањето на косата. Во овие краишта се верува дека бремената жена доколку ја поткастри или бојадиса косата, е исто како таа да ја пресекла папочната врвца и му предизвикува некаква штета на нејзиното неродено дете.rnrn10 интересни мексикански суеверијаrnrnЗнаете некое интересно македонско или странско суеверие? Споделете го во коментари!rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.