Филм: Злокобен (Sinister)

Филм: Злокобен (Sinister)

Филм кој ќе ве натера да се плашите

Филм: Злокобен (Sinister)Режија: Скот Дериксон

Улоги: Итан Хоук, Џејмс Ренсон, Џулиет Рајланс

Времетраење: 110 минути

Јазик: англиски

Премиера: 12 октомври 2012

Жанр: хорор, мистерија, трилер

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (24 гласа, просек: 9,25 од 10)
Loading...

„Злокобен“ (Sinister) е дел од освежувачкиот бран на хорор филмови со кој овој популарен жанр зазема поинаква насока, која на гледачите не им дава големи шанси прецизно да погодуваат каков е следниот кадар, а уште помалку крајот. Тоа не е филм со проѕирна приказна кој ја плаши публиката со веќе видени методи, туку е исполнет со мистерија која го тера гледачот да почувствува дека злото е тука некаде и нема бегање од него. „Злокобен“ не е филм кој ќе ве исплаши, туку филм кој ќе ве натера да се плашите.Филм: Злокобен (Sinister)Тоа го постигнува преку мистериозните настани кои му се случуваат на Елисон (Итан Хоук), писател на крими романи којшто своите приказни ги темели на вистински настани кои претходно детално ги истражува. Поради работата, тој заедно со неговата сопруга и двете деца ќе се всели во куќа во која пред нив живеело семејство чии членови биле обесени во дворот, а нивната најмала ќерка исчезнала истиот ден. Неочекувана помош во потрагата по приказна ќе добие од кутија на таванот во којашто има снимка од бесењето, но и уште неколку снимки од други убиства на цели семејства во различни делови на државата.Филм: Злокобен (Sinister)Расветлувањето на случајот со бесењето и сè друго околу него ги следиме преку главата на главниот лик. Како што тој открива слој по слој од мистеријата, така и вие ќе дознавате зошто работите се случувале така како што се случувале. Како што тој полека ќе почне да ја чувствува сеприсутноста на злото и тешкотијата да се побегне од него, тоа ќе го почувствувате и вие додека го гледате филмот. Нема да ве плаши со некои ненадејни изненадувања, туку ќе ви стави во глава дека треба да се плашите затоа што има од што да се плашите.Филм: Злокобен (Sinister)„Злокобен“ не изобилува со страшни сцени, но може да ве држи многу напнати. Неверојатно е колку може да вознемири навидум мирната сцена кога главниот лик ги прегледува морбидните снимки од таванот, но напнатоста расте уште повеќе како што тој ќе станува сè повеќе опседнат во потрагата по вистината за убиствата. А, тоа овој филм може лесно да го пренесе и на гледачот. Ако сакате да гледате хорори тогаш овој задолжително треба да се најде на вашата листа. За да уживате во него треба само да обезбедите темна просторија, да го пуштите звукот гласно и да му оставите на филмот да си поигрува со вашето расположение.Филм: Злокобен (Sinister)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар