Музиката со брз ритам го забрзува чукањето на срцето, поттикнува на интензивен тренинг и со нејзина помош времето побрзо поминува.
За многу професионални спортисти, но и рекреативци, добрата музичка плејлиста е неопходен додаток на тренингот, а бројните истражувања потврдуваат дека музиката и спортот се совршена комбинација. Музиката го одвлекува вниманието од напорниот тренинг, со нејзина помош времето „лета“, а дополнително и ве мотивира да вложите поголем труд, покажало истражувањето на британскиот универзитет Брунел.rnrnНајважниот критериум при одбирањето на песни за вежбање е брзиот ритам, а музиката која предизвикува од 120 до 180 отчукувања на срцето се најдобри за аеробните вежби.rnrnЗа трчање, најдобри се песните кои предизвикуваат 160 отчукувања на срцето во минута, додека за пилатес и помирен тип аеробик, идеална музика е онаа која предизвикува околу 120 отчукувања на срцето. Интензивниот тренинг оди одлично во комбинација со музика со брз ритам, а постојат и апликации за вашиот паметен телефон, кои можат да ви помогнат да ја најдете совршената музика за вашиот тренинг.rnrnВо продолжение следува една универзална топ листа за вежбање:rn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
