КАФЕ ПАУЗА

Филм: Линколн (Lincoln)

Филм: Линколн (Lincoln)

Written by

in

,

Филмски еп за најпопуларниот американски претседател во историјатаrnrnФилм: Линколн (Lincoln)Режија: Стивен СпилбергrnrnУлоги: Даниел Деј Луис, Сали Филд, Томи Ли Џонс, Дејвид СтратернrnrnВреметраење: 150 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 16 ноември 2012rnrnЖанр: историска драма, биографијаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

rnАбрахам Линколн е една од најважните личности во историјата на Соединетите Американски Држави. Ја водел земјата во тешките времиња на Граѓанската војна, при тоа успевајќи да спречи нејзино распаѓање, а потоа и да ја зајакне економијата и да го укине ропството. Бил многу мудар политичар, роден пред своето време, па логично е што филмскиот еп за толку голема и важна личност го продуцира и режира Стивен Спилберг, а неговиот лик го игра актер од рангот на Даниел Деј Луис.Филм: Линколн (Lincoln)Двата и пол часа се целосно посветени на доследно портретирање на Линколн, а Деј Луис брилира во тоа. Нему треба да му се припишат заслугите што успева филмот да го дигне до височини кои можеби не би ги достигнал ако сè остане на приказната. Неговата изведба не е најдобра само во последната година, туку една од најдобрите во последните декади. Уверливиот израз на лицето и автентичниот начин на кој ги изговара репликите прават да помислите дека поранешниот американски претседател оживеал за да се претстави на филм така како што тој сака, без некој да го филува неговиот лик и дело.Филм: Линколн (Lincoln)А приказната се фокусира на најзначајното што Абрахам Линколн го оставил зад себе – укинувањето на ропството. Амандманот на Уставот кој го овозможува тоа е ставен на дневен ред во Конгресот во време кога Граѓанската војна се ближи кон својот крај. За да ја оствари својата цел, Линколн излегува со став дека укинувањето на ропството ќе ја заврши војната и ќе го донесе долго посакуваниот мир. Сепак, таа може да заврши во секој момент, а тоа ќе значи дека новиот уставен амандман не е потребен, но американскиот претседател е решен тој да се изгласа и ќе посегне по сите расположливи чесни и нечесни средства за да го постигне тоа.Филм: Линколн (Lincoln)Целата приказна се врти околу обезбедувањето на гласовите во Конгресот. Потрагата по нив се одвива главно надвор од него, но и на говорницата каде што се одржуваат извонредни дебати какви што ретко можеме да видиме денес. Впрочем, еден од највозбудливите делови на филмот се острите дискусии во кои ораторите жестоко се расфрлаат со својата елоквенција убедувајќи ја спротивната страна дека „Бог ги создал црнците нееднакви со другите“ и обратно.Филм: Линколн (Lincoln)Токму тоа и го сочинува овој филм. Со неколку мали исклучоци, тој нема некое возбудливо дејствие. Големата прашина која се дигна околу него најмногу се должи на важноста на Абрахам Линколн за американската историја, но тешко е да се очекува дека големината на поранешен претседател на САД многу ќе го интересира просечниот македонски гледач. Затоа на крајот може да делува и малку разочарувачки ако очекувате некоја голема драма. „Линколн“ е бавен филмски еп, но е идеален за ноќите во кои сакате да се опуштите со долг филм кој може цели 150 минути да го држи вашето внимание.Филм: Линколн (Lincoln)
rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn