Грегори Боратин е фотограф кој се занимава со фотографирање пејзажи и природа. На неговата последна уметничка авантура, тој направил спектакуларни фотографии од познатиот кањон Антилоп во Аризона.

Фотографот визуелно ги истакнал браздите и разноличните текстури сокриени во кањонот, со цел потоа во нив да „плисне“ разни бои, преку дигитална обработка на фотографиите. Неговите крајни дела претставуваат навистина одмор за очи, овозможувајќи им на набљудувачите да се претопат во чудесната убавина. Секоја колоритна композиција на Грегори претставува една драматична комбинација од вонземен пејзаж и апстрактна уметност. 










rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
