За вашиот дом да свети, потребно е многу труд и работа. Но, целиот тој труд и работа може да ви помогне да имате подобра фигура и да бидете во одлична форма. Бројот на калории кои се трошат за време на чистење со правосмукалка, миење садови или бришење прозори, ќе ве натераат секоја недела да правите генералка по дома.rnrn
rn
Чистење на купатилото
rnЗа полчасовно чистење на кадата можете да потрошите 200 калории. Кога на ова ќе ги додадете калориите потрошени за чистење на останатите елементи во купатилото, се добива една одлична бројка.rn
Чистење на подовите
rnСо едночасовно чистењето со правосмукалка се согоруваат 180 калории, додека едночасовното чистење со џогер согорува 280 калории.rn
Готвење
rnДа, да, добро читате. И со самото приготвување на храната се трошат калории. За едночасовно вртење низ кујната се трошат 150 калории.rn
Местење кревет
rnСекое утро, задолжително местете си го креветот, бидејќи со тоа трошите околу 130 калории.rn
Бришење прозори и огледала
rnСо полчасовно чистење на прозорите во куќата се трошат 125 калории.rn
Собирање и фрлање ѓубре
rnЗа еден час собирање ѓубре од дворот или од куќата ќе потрошите 105 калории. Сигурно нема да имате прилика еден час да собирате ѓубре по дома, но на неделно ниво е сосема доволно.rn
Миење садови
rnСо полчасовно миење садови ќе потрошите 125 калории. Ова е одлична причина зошто оваа активност да ја извршувате со мерак.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
