Иако е широко распространето мислењето дека кога станува збор за женственост, мажите прво помислуваат на гради, статистиката сепак покажува нешто друго. Имено, едно истражување покажало дека идеалната жена треба да има стомак како на Ријана, а бутови и бедра како на Кели Брук. Иако станува збор за вкус, сепак едно истражување покажало дека кога станува збор за женската убавина, мажите се согласуваат за некои работи.
Според добиените податоци за деловите од женското тело кои ги привлекуваат мажите, на прво место се наоѓа беспрекорниот стомак.
rn
Стомак
rnДури 33% од машките испитаници како пример за беспрекорен стомак ја навеле пејачката Ријана, додека многу блиску до првото место била и Гвен Стефани.
rn
Бедра
rnНа второ место се наоѓаат заоблените бедра, а за овој дел од женското тело гласале 25% од испитаниците. Како пример ја навеле Кели Брук, чија фигура неретко ги краси рекламите за долна облека и костими за капење.
rn
Бутови
rnЗа цврсти бутови гласале 11%. Ниту еден од испитаниците не се одлучил за витка линија како на манекенките, туку за заоблена фигура која ја истакнува женственоста.rn
А какво е совршеното машко тело?
rnНиту жените не останале должни кога станува збор за привлечноста на машкото тело. Имено, дури 51% од женските испитаници одговориле дека предност му даваат на атлетски граденото тело, а само 10% на нежно манекенско тело.
Прво што забележуваат се беспрекорните стомачни мускули, а второ силните машки раце.
Кога станува збор за спортистите, 24% одговориле дека најубаво тело имаат атлетичарите, 16% пливачите, 11% велосипедистите, а нешто помалку од 10% фудбалерите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

