Во денешно време, брзиот развој на технологијата би требало да ни овозможи да се чувствуваме постојано поврзани со луѓето. Социјалните мрежи и телефоните значително ни ја олеснуваат комуникацијата. Па, зошто тогаш 40-50% од луѓето се чувствуваат навистина осамено? Станува збор за хронична осаменост.rnrn
rnrnХронична осаменост е непрестајно чувство на изолираност што кај некои лица се јавува дури и кога се опкружени со други луѓе и делуваат среќни. Хронично осамените индивидуи очајно посакуваат да се поврзат со некого, но никако не успеваат да ја остварат потребната поврзаност. Доколку мислите дека и вие имате проблем со ова чувство, обидете се да се пронајдете во следниве 7 знаци…rn
1. Имате многу познајници, но малку вистински пријатели
rnКаде и да одите, вие сте највеселата личност на забавата. Се познавате со вработените од речиси секое кафуле. Лесно е да се разговара со вас и на сите им е драго кога ќе ве видат. Повеќето луѓе во вашиот живот би биле изненадени од фактот што вие всушност не ги сметате за пријатели. Имате еден или двајца пријатели, но и нив не ги чувствувате емоционално блиски поголемиот дел од времето.rn
2. Постојано се чувствувате изолирано и осамено
rnИ покрај тоа што сте поминале прекрасен ден со вашите пријатели, кога ќе си дојдете дома се чувствувате многу осамено. Чувството на осаменост за вас не е исклучок, туку правило. Постојано ви се чини дека сте отсечени од светот. Без разлика што правите, осаменоста како да е нераскинлив дел од вас.rn
3. Ви се чини како постојано да правите планови
rnМожеби тоа не е навистина така, но вам ви се чини како постојано да се обидувате да направите планови. Или луѓето се зафатени или никако не можете да се слушнете по телефон. Можеби ќе успеете да договорите средба неколку пати неделно, но не би требало толку да се мачите за обично гледање.rnrn
rn
4. Чувствувате дека има бариера меѓу светот и вас
rnСите разговори ви се чинат површни. Копнеете по длабока и вистинска поврзаност, но никако не успевате да ја остварите. Ви се чини како да има невидлива бариера меѓу вас и другите луѓе.rn
5. Копнеете по вистинска поврзаност, но ви треба долго време за да ги наполните батериите
rnЗа да се оствари вистинска поврзаност, потребно е многу енергија. Со денови сте седеле дома, сте ги полнеле батериите и сте си посветиле повеќе време на себеси, но доволно е да отидете на една забава за повторно да се чувствувате исцрпено.rn
6. Ви се чини како никој да не ве разбира
rnЕдинственото нешто што ве прави среќни е идејата за остварување вистинска поврзаност. Но, тоа никогаш не се случува, барем така се чувствувате. Можеби сте се спријателиле со прекрасен човек, а вие сте загрижени дека тој нема да ве разбере вистински без оглед на тоа колку се трудите.rn
7. Не можете да се сетите кога последен пат не сте се чувствувале вака
rnПостојат два вида осаменост. Првиот е моментална осаменост и е нешто што сите луѓе го доживеале. Чувството е привремено и минливо. Но, кај луѓето со хронична осаменост, ова чувство никогаш не исчезнува.rnrnДоколку се пронајдовте во овие знаци и заклучивте дека сте хронично осамени, не заборавајте дека тоа не мора да трае засекогаш. Продолжете да се обидувате да ги остварите тие длабоки лични врски што ги посакувате и ќе откриете дека и другите луѓе се исто толку жедни за вистинска поврзаност.