5 причини зошто да почнете да учите стомачен танц

Сподели

Ако досега не сте пробале стомачен танц, тогаш дефинитивно мора да го направите тоа! Стомачниот танц е совршен начин за тонирање на вашите мускули и одржување на вашето тело во добра форма. Исто така со негова помош, ќе научите и како да се чувствувате поудобно во своето тело.

Реклама

rn

Стомачниот танц вклучува изолирани движења на сите поголеми мускулни групи

rnСтомачниот танц е одличен начин да го подобрите вашето физичко здравје, како и нежно да ги тонирате и зацврстите поголемите мускулни групи, посебно абдоменот, рацете, горниот дел од грбот, задникот и горниот дел од нозете. Најдоброто нешто во врска со овој прекрасен танц е фактот што ве учи како да го балансирате вашето тело и како да изолирате одредени мускулни групи за да постигнете подобри кружни движења. Целта е да успеете да движите одредени делови од телото, додека истовремено останатите ги одржувате целосно неподвижни и мирни.rn

Стомачниот танц ги зацврстува стомачните мускули

rnПреку брановидните, кружни и вибрациски движења на стомакот и колковите, овој танц го тонира и зацврстува најдлабокиот слој на абдоминалните мускули. Доколку ви е здодеано да правите стомачни вежби, а сакате да продолжите да го одржувате вашиот стомак рамен, тогаш ова е дефинитивно позабавен начин за остварување на вашата цел.

rn

Стомачниот танц зацврстува и други поважни мускулни групи

rnОвој танц ги зацврстува квадрицепсите, тетивите под коленото, рацете и грбните мускули. Со зацврстување на грбните мускули, вие го подобрувате држењето на телото и ги намалувате шансите за повреди на грбот. За време на стомачниот танц, тежината на телото постојано се пренесува од една на друга нога. На овој начин ударот на колената, зглобовите и глуждовите е минимален и поради тоа тие се зацврстуваат на безбеден начин.rn

Стомачниот танц помага при намалување на тежината

rnПокрај тонирањето на вашите мускули, стомачниот танц е понежна форма на аеробик вежби кои можат да ви помогнат да изгубите и до 300 калории за еден час.

rn

Стомачниот танц го намалува нивото на стрес и ви помага при зголемување на самодовербата

rnИнспирирано од средно-источните мелодии, овој танц се состои од лулање, кружење и други видови лесни и повторливи движења кои можат да предизвикаат состојба на целосна ментална релаксација и на тој начин го намалуваат насобраниот стрес од текот на денот. Што се однесува до самодовербата, стомачниот танц ќе ви помогне повеќе да го цените и сакате вашето тело, како и да се чувствувате поудобно во него.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира