Курт Кобејн има свои обожаватели во сите генерации од неговото појавување, па сè до денес, но веројатно сè уште постојат некои вакви податоци од неговиот живот кои малкумина ги знаат.
Не знаел што е Teen Spirit кога ја напишал Smells Like Teen Spirit
rnРемек-делото Smells Like Teen Spirit го добило насловот според дезодоранс. Пејачката Кејтлин Хана од Бикини Кил на ѕидот на собата на Курт напишала: „Курт мириса на Teen Spirit“, дезодорансот на неговата девојка. Тој не бил свесен за тоа, но реченицата му звучела револуционерно, па си направил песна според тоа.
Сменил повеќе религии
rnПо разводот на неговите родители, Курт станал многу проблематичен поради што татко му го пратил да живее кај негови пријатели. Кај нив го прифатил христијанството и редовно ја посетувал црквата, но подоцна почнал да практикува будизам и џаинизам.
Ги штител ЛГБТ луѓето
rnВо средно училиште имал пријател-хомосексуалец и поради тоа трпел навреди од хомофобичните соученици. Во дневникот напишал дека посакувал да бил хомосексуалец само за да ги нервира оние што го мразат, а низ градот со спреј пишувал графити „Господ е геј“.
Неговата девојка му била инспирација за некои од најдобрите песни
rnДодека бил во врска со Тоби Вејл, членка на Бикини Хил, Кобејн направил некои од своите најдобри песни кои се нашле на албумот „Nevermind“. Во меѓувреме раскинале, па тој сакал албумот да се подели на два дела: „Момче“ – песни за неговото детство, и „Девојка“ – песни инспирирани од Тоби.
rn
Тешко се справувал со гневот кога бил тинејџер
rnКурт многу драматично го доживеал разводот на своите родители. Прво се повлекол во себе, а потоа гневот го покажувал преку разни акти на агресија. Малтретирал деца на училиште, пишувал графити каде стигнал, и намерно губел борби во борење само за да го изнервира татко му, иако бил одличен борач.
Текстовите на песните не му биле важни
rnСекогаш се чудел поради „фројдовските анализи на неговите текстови“, иако тие немале некое длабоко значење. Тој сметал дека музиката зборува повеќе од текстот.
Неговите предци биле чевлари
rnПредците на Курт се од Северна Ирска и биле чевлари. Покрај ирското, тој има и шкотско и германско потекло.
Можно е да имал рак на стомакот
rnКобејн страдал од стомачни болки кои лекарите можеле да си ги објаснат само со можноста тој да боледува од некаква ретка форма на рак на стомакот. За жал, славниот пејач не се лекувал со лекови, туку „си олеснувал“ со хероин.
Преферирал комфор во облекувањето
rnНе му бил битен стилот, туку удобноста на она во што е облечен. На неговата венчавка бил облечен во пижами затоа што го мрзело да се пресоблече во костум.
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

