Интересни улици низ светот
Сите овие интересни улици имаат поставено некој светски рекорд, поради некоја нивна специфичност која ги дели од останатите.
Улицата „Ebenezer Place“
Улицата „Ebenezer Place“ која се наоѓа во Вик, Шкотска е влезена во Гинисовата книга на рекорди како најмала улица во светот. На улицата која е долга само 2,06 метра има само една зграда „Ebenezer 1“ во која е сместен хотелот „Mackays“. Улицата постои од 1883 година, кога всушност е направена и самата зграда .
Улицата „Parliament“
Улицата „Parliament“ во Англија се води како најтесната улица во светот. Таа постои од околу 1300-тата година и е со ширина од само 50 сантиметри.
Патот до Гиза
Патот до Гиза е стар 46.000 години, со што е прогласен за најстара улица во светот. Овој пат е долг 12 километри и бил користен за да се пренесуваат огромните блокови за изградба на пирамидите.
Улицата „Yonge“
Улицата „Yonge“ која се протега низ Канада, го има поставено рекордот за најдолга улица во светот. Таа почнала да се гради во 90-тите години на 18 век, а денеска нејзината должина изнесува 1.896 километри.
„9 de Julio Avenue“
Аргентина може да се пофали со „9 de Julio Avenue“ (во превод авенијата 9-ти јули – денот на независноста на Аргентина), најшироката улица во светот. Таа се протега низ целиот град и има по 6 ленти во двата правци.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.