5 филмови на Нетфликс во кои може да ужива целото семејство

Сподели

Моменталната ситуација со пандемијата на коронавирусот е идеална можност за сите да гледаат некој добар филм заедно, а во продолжение ќе најдете список со семејни филмови што можете да ги гледате на Нетфликс и во кои можат да уживаат сите генерации.rn

Реклама

„Денот Да“ („Yes Day“)

rnhttps://youtu.be/Y-3Vr8Ut8d0

Кога првпат се сретнаа, Алисон и Карлос Торес беа спонтани авантуристи кои се согласуваа на сè. Тоа се смени со доаѓањето на нивните три деца, Кети, Нанда и Ели. Кога на родителската средба ќе дознаат дека Кети и Нандо ја нарекуваат својата мајка диктатор затоа што таа им забранува сè, тие одлучуваат да го искористат советот на училишниот персонал и 24 часа нема да им кажат„не“ на своите деца и ќе се согласат на секоја нивна идеја.rn

„Инстант семејство“ („Instant family“)

rnhttps://youtu.be/IUfZq3DUd3Y

Ели и Пит Вагнер размислуваат да посвојат дете. Тие одат во центар за згрижување и се запознаваат со тинејџерката Лизи, која веднаш ќе ги заинтересира. Во разговор со социјалните работници, тие дознаваат дека Лизи има помлади брат и сестра, Хуан и Лита. Тие се одлучуваат на неочекуван потег и ги посвојуваат сите три деца, по што нивниот живот се менува целосно.rn

„Мокси“ („Moxie“)

rnhttps://youtu.be/Sf34qI1hjKU

Вивијан има 16 години, ученичка е во училиштето „Рокпорт“ и живее со својата мајка, феминистката Лиза. Вивијан случајно е сведок на незгоден момент во кој капитенот на фудбалскиот тим малтретира нова ученичка. Кога ќе ги најде старите активистички брошури на својата мајка, во неа се буди бунтовник кој ќе стори сè за да се справи со неправдата во училиштето.rn

„Бенџи“ („Benji“)

rnhttps://youtu.be/UqtFvSKhKmA

Момчето Картер и неговата сестра Френки спасуваат напуштено куче и го носат дома. Го нарекуваат Бенџи по познатиот американски државник Бенџамин Френклин, кој во една пригода рекол дека кучињата се посигурни од луѓето. Ова ќе се покаже како голема вистина во моментот кога Картер и Френки ќе се најдат во голема опасност во која ќе им помогне Бенџи.rn

„Домот на тато“ („Daddy’s Home“)

rnhttps://youtu.be/OeknNwE4e1E

Кога се вљубил во својата сопруга Сара, Бред Витакер безрезервно ги засакал и нејзините деца. Бред едвај чека конечно да го наречат тато и прави сè што може за да ги придобие, но неговите планови се уништуваат кога нивниот биолошки татко Дасти ќе им се врати во животот.

Погледнете ги најубавите љубовни филмови за сечиј вкус и расположение.

Популарно

Може ќе ве интересира