Колачиња со турско кафе
Примамливи колачиња кои, не само што изгледаат убаво, туку се и многу вкусни. Аромата на зачини во комбинацијата со турско кафе привлекува и им дава единствен шмек. Лесен рецепт кој мора да го пробате. Овие слатки мали колачиња, кои воедно не се многу калорични, може да ги послужите како десерт после ручекот или како засладување на кафе муабетот со вашите пријатели.
Потребни состојки за 50 колачиња:
- Белки од 4 јајца (на собна температура)
- 200 г шеќер
- 4 кафени лажички турско кафе
- 2–3 кафени лажички зачин кардамом
- ½ кафена лажичка мелено каранфилче
- Додатоци за декорација по ваш избор
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 90⁰C. Добро изматете ги белките од јајцата на најсилна брзина на миксерот. Додека е сè уште вклучен, на помала брзина, полека додадете ги кафето, шеќерот и зачините. Матете сè додека смесата не стане пенеста. Во шприц за готвење ставете ја смесата, и на хартија за печење направете мали топчиња, како на сликата погоре. Може да ги декорирате по желба. Печете ги околу 75 минути, па извадете ги да се оладат на собна температура. Потоа направете мали сендвичиња со топено чоколадо за готвење или еурокрем.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Од каде може да се купи овој зачин кардамом?
Во добро снабдените маркети можете да ги најдете зачините кои ви се потребни, но доколку не најдете кардамом, може да го замените со ѓумбир. Поздрав.
Vo tekstov ne e pojasneto dali treba 4 lazicki svareno kafe ili 4 lazicki izmeleno kafe, nesvareno.
Потребни се 4 лажички мелено кафе.