Совршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светот
Во јужниот дел од африканската држава Буркина Фасо, се наоѓа мало село од околу 1.2 хектари, наречено Tiébélé. Тоа е дом на луѓето Касена, една од најстарите етнички групи, која се населила на територијата на Буркина Фасо уште во XV век. Tiébélé е познато по фантастичната традиционална архитектура и внимателно декорираните ѕидови од куќи.
Буркина Фасо е сиромашна држава, дури и според западно-африканските стандарди. Можеби е и најсиромашната земја во светот. Но луѓето одовде се културно богати и декорирањето на фасадите од кал на куќите, е многу битен составен дел од нивното културно наследство. Декорирањето на ѕидовите претставува задача на заедницата и тоа секогаш го прават само жените. Процесот на изработка е всушност античка вештина, која датира од XVI век од нашата ера.
Луѓето Касена ги градат нивните куќи целосно од природни материјали: земја, дрво и слама. Земјата помешана со слама и кравји измет формира влажна смеса со совршена пластичност, со која може да се формираат речиси вертикални површини. Куќите во Tiébélé се градени имајќи ја предвид безбедноста на ум, без разлика дали станува збор за заштита од климатски непогоди или од потенцијални непријатели. Ѕидовите се дебели околу 30 см, а домовите се дизајнирани без прозорци, освен еден или два мали отвори, кои овозможуваат доволно продор на светлина. Влезните врати се само 60 см високи, а покривите се заштитени со дрвена конструкција. По дома, мештаните си пијат од локалното пиво (dolo).
По изградбата на куќите, жените прават фрески, служејќи се со обоена кал и бела креда. Мотивите и симболите се преземени од секојдневниот живот, од религијата и од верата. Насликаните ѕидови потоа внимателно се полираат со камења, при што секоја боја посебно се полира, за да не се помешаат меѓусебно. На крајот, целата површина е обложена со природна глазура, добиена со варење мешунки од „néré“, африканско багремово дрво. Дизајните воедно служат и за заштита на ѕидовите. Декорирањето обично се завршува пред стартувањето на дождовната сезона и ја штити фасадата од дождот. Додавањето кравји измет, набивањето слоеви кал и полирањето со néré, ги прави дизајните отпорни на влажните климатски услови, овозможувајќи ѝ на структурата подолго да трае.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.