Во колекциите на светски познатите дизајнери се појави еден нов тренд, кој е совршен за дами кои сакаат да експериментираат и да привлекуваат погледи, но и за оние кои трагаат по женствен изглед.rnrn
rnrnОткако се појавија на модните писти, овие тенки блузи, кошули и маици, веднаш се префрлија на градските улици низ светот, а и во орманите на многу познати ѕвезди и трендсетерки како Сара Џесика Паркер, Гвен Стефани, Џесика Алба и многу други.rnrn
rnrnДоколку ви се чини дека ваквиот стил е преголем предизвик за вас или ако се плашите дека можеби ќе откриете повеќе отколку што сакате, можете да одберете модел со помалку проѕирен материјал или под блузата да облечете маица на прерамки во истата нијанса.rnrn
rnrnВаквите парчиња најдобро одат со фармерки и високи потпетици и благодарение на нив можете брзо и лесно да создадете ефектен и оригинален, а истовремено класичен и женствен изглед. Сепак не дозволувајте ова да ве ограничува и слободно експериментирајте и комбинирајте со секаков вид трендови, како што се графичките дезени и кожните парчиња облека.rnrn




rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
