Летото е извонреден период за трчање на отворено во кој горештините можат да бидат голема пречка и да ве одвратат од оваа прекрасна активност. Наместо да се откажувате, применете ги следните неколку совети и уживањето во летното трчање нема да изостане.
rn
Трчајте кога температурите не се премногу високи
rnИзлезете на трчање рано наутро или приквечер кога заоѓа сонцето. Тогаш температурите се спуштаат за неколку степени, па полесно се трча. Ако излезете рано наутро, уште пред појадокот ќе можете да ги завршите предвидените вежби за тој ден. Ако не можете да станете рано, тогаш одете приквечер и уживајте во зајдисонцето додека трчате. Доколку во близина имате осветлена патека, разгледајте ја и опцијата за ноќно трчање, кога температурите се најмалку високи во текот на сите 24 часа.rnrn
Трчајте под сенка
rnТрчањето по шумските патеки или оние во парковите вообичаено е попријатно во споредба со останатите, поради тоа што сенките од дрвјата ги одржуваат температурите на пониско ниво.rnrn
Пијте многу вода
rnЗа време на трчањето се губи многу вода која на организмот му е неопходна да ги заврши сите метаболички процеси. Пијте многу вода во текот на целиот ден, а особено пред и по трчањето. Доколку не ви пречи, би било убаво ако можете да носите и некое шише со вас.
rn
Употребувајте крема за сончање
rnСилното УВ-зрачење на сонцето во жешките месеци е пречка воопшто да излегувате во најголем дел од денот. Дури и да трчате кога сонцето не е највисоко на хоризонтот, не заборавајте да ставите крема за заштита од сончевите зраци, затоа што може да предизвика непријатности кои ќе ве вратат дома порано одошто сте планирале.rnrn
Одберете соодветна облека
rnЛетното трчање ќе ве испоти повеќе од вообичаено, па затоа добро е да облечете материјал кој лесно се суши. Тоа нека биде во некоја посветла боја. Не заборавајте да ставите и капа, затоа што таа успева да ја одржи температурата на главата на нормално ниво и спречува сонцето да стигне до вашето лице.
rn
Приспособете го темпото
rnНормално е во екот на летните горештини да почувствувате дека не можете да го следите вашето вообичаено темпо на трчање. Тоа не се должи на пад во кондицијата, туку на сувиот воздух и неподносливото време. Затоа обидете се да го приспособите темпото на тоа што може да го издржи организмот во такви услови.rnrn
Не игнорирајте ја болката
rnДодека трчате може да почувствувате мачнина, болки во мускулите, па дури и вртоглавица. Овие симптоми укажуваат на тоа дека сте се префорсирале или дека горештините ве совладуваат. Кога ќе ги почувствувате, не ги игнорирајте и упатете се накај дома.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
