Авион трансформиран во детска градинка
Во грузискиот град Рустави, еден стар, но функционален авион од типот Yakovlev Yak-42 е целосно трансформиран во детска градинка. Главниот учител Gari Chapidze го купил овој авион од грузиската авиокомпанија „Georgian Airways“ и организирал да го транспортираат до градот Рустави.
Таму го реновирал ентериерот и го надополнил со едукативна опрема и разни детски играчки, но ги оставил недопрени механизмите за управување во пилотската кабина, за да послужат како играчки за дечињата. Има околу 1.500 копчиња во малата кабина, во која 15 деца од градинката, можат да си играат и да глумат вистински пилоти кои се подготвуваат за полетување.
Реновирањето на авионот траело неколку месеци и професорот бил загрижен дека на луѓето можеби нема да им се допадне неговата необична идеја за забавување на децата, но уникатната „градинка“ набрзо станала хит и кај родителите.
Негувателите во градинката се надеваат дека оваа забавна околина во која има толку многу копчиња и алатки за „управување“, ќе им помогне на децата да ги развијат нивните технички способности.
„Идејата беше да создадеме градинка во која децата ќе доаѓаат со задоволство. Понекогаш, децата имаат тешкотии да се навикнат на градинките и на новата средина. Решивме да им помогнеме во тоа, правејќи ја градинката забавна.“ – вели директорот на Институтот за грузиско-украински односи со јавност, кој управува со оваа авио-градинка.
Навистина, ова е добро промислен начин да се поттикне креативноста кај децата и развојот на образованието од најмалата возраст.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.