КАФЕ ПАУЗА

Поучна приказна: Магарето и бунарот

Поучна приказна: Магарето и бунарот

Еден ден магарето паднало во бунар. Тоа жално плачело со часови додека селанецот се обидувал да смисли што да направи.rnrnПоучна приказна: Магарето и бунаротrnrnКонечно, бидејќи магарето било старо, а бунарот секако требало да се покрие, тој решил дека не вреди да се мачи да го вади јадното животно. Ги поканил сите негови соседи да дојдат да му помогнат. Тие сите земале лопата в рака и почнале да фрлаат земја во бунарот.rnrnНајпрво, кога магарето сфатило што се случува, се утепало од плачење. Потоа, за живо чудо, стивнало. Мудрото животинче смислило план.rnrnСо секое нафрлање земја врз неговиот грб, магарето ќе ја протресело и ќе се качело нагоре врз насобраниот куп. Конечно купот станал толку висок што магарето можело да исчекори од бунарот и веднаш среќно си заминало.rnrnПоука: Животот ќе ти нафрли секакво ѓубре на грбот. За да излезеш од бунарот, трикот е да се истресеш од ѓубрето и да се искачиш еден чекор нагоре. Можеме да излезе и од најдлабокиот бунар, несопирајќи се и никогаш неоткажувајќи се.rnrnСамо истреси се и искачи се нагоре!rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.