КАФЕ ПАУЗА

Што вели за вас бојата на вашиот лак за нокти?

Што вели бојата на вашиот лак за вас?

Која боја на лак најмногу ја употребувате? Експертот за бои Литрис Еисмен открива како преку маникирот можете да откриете некои скриени карактерни црти за себе…rnrnШто вели бојата на вашиот лак за вас?rn

Црвен лак – жешки

rnЦрвената боја со генерации се поврзува со гламурот. „Тоа е најзаводливата боја“ – вели Еисмен. „Поминавме низ период кога почнаа да се појавуваат најразлични бои на лакови за нокти, но по експериментирањето со нив, сите се вратија кон црвеното.“ Со други зборови, личноста која ја преферира оваа боја сигурно испробала многу бои, но добро знае што е секси за неа.rnrnШто вели бојата на вашиот лак за вас?rnrn

Син лак – бестрашни

rnЗаборавете на сите „мирни“ сини бои кои ви паѓаат на памет, оваа сезона акцентот се става на електричните бои. „Таа спаѓа во посебна класа. Многу е јака, го привлекува вниманието на сите околу вас и е премногу жешка – па, и во природата најтоплите пламени ја имаат оваа сина боја“ – истакнува Еисмен. „Личноста која би ја одбрала оваа боја, сака да биде уникатна и различна. Да избега од нормата. Таа е забавна и отворена за експерименти.“rnrnШто вели бојата на вашиот лак за вас?rnrn

Темно црвен лак (бургунди) – софистицирани

rnДлабока и темна, исто како и виното според кое го добила името, оваа боја е моќна комбинација на класична црвена и модерна виолетова. „Бургунди е елегантна нијанса на црвена, една од најелегантните кои постојат“ – вели Еисмен. „Таа крие голем степен на софистицираност во себе. Оние кои се гледаат себеси како софистицирани повеќе тежнеат кон оваа боја. Таа е дел од специфичната висока мода.“rnrnШто вели бојата на вашиот лак за вас?rnrn

Нокти со светки – живи

rn„Верувам дека ќе има сè повеќе и повеќе избор во оваа категорија!“ – вели Еисмен за овој тренд на лакирање. „Едноставно постои толку многу експериментирање со технологии во секоја област, па тоа се рефлектира и на ноктите.“ Овие огромни светкави бомби можат да се најдат на сите нокти или пак можете да ја маскирате својата дива страна така што во комбинација со вашите природни нокти ќе направите само еден нокт на раката во ваков изненадувачки контраст.rnrnШто вели бојата на вашиот лак за вас?rnrn

Лак кој се прелива – визионери

rnОвој футуристички изглед во две нијанси нема да ви помогне побрзо да ја искуцате пораката на вашиот смартфон, но сепак индицира дека сте личност која е длабоко поврзана со технологијата. „Јас ѝ предложив на индустријата за лакови подобро да ги дефинира овие металик тонови, кои се инспирирани од технологијата која се употребува во бојадисување на автомобили“ – вели Еисмен. Вашиот маникир сугерира дека сакате постојано да бидете во тек со новите настани.rnrnШто вели бојата на вашиот лак за вас?rnrn

Темно сив лак – неконвенционални

rnОвие многу темни нијанси на сиво изгледаат скоро црно во шишенцето со лак, но на ноктите кажуваат многу за вашиот изглед. „Тоа е многу силна неутрална боја, која ги презема карактеристиките на црната – најсилната и најстабилната боја од сите“ – вели Еисмен. „Ние говориме за неа како за боја, но таа е скоро како психолошко присуство. Темно сивиот лак е врвниот во софистицираноста и во високата мода кога станува збор за покажување став.“rnrnШто вели бојата на вашиот лак за вас?rnrn

Златен лак – интригантни

rnОваа неутрална, но не-баш боја се наоѓа во возбудлива ситуација. „Металик боите скоро го добија својот статус на класика, но сепак не нè оставаат мирни, тие влијаат на движењето на нашите очи – што е многу предизвикувачки.“ Еисмен вели дека историски гледано, металик боите доаѓале и си оделе од модата, но последниве 5-6 години тие го одржуваат својот статус на жешки бои. „Кога луѓето ќе ја откријат нивната магија, стануваат навистина зависни,“ вели таа.rnrnШто вели бојата на вашиот лак за вас?rnrn

Неутрален лак – зависни

rnНеутралните бои, без изненадување се најпостојаните бои кога станува збор за трендовите во лаковите за нокти, но оваа сезона нијансите со боја на кожа го освојуваат своето место меѓу најдобрите. „Некој кој би избрал ваква боја сака да се чувствува сигурно, дека има нешто што секогаш е таму, некој на кој може да се потпре. Тоа е боја која трае.“rnrnШто вели бојата на вашиот лак за вас?rnrn

Зелен лак – динамични

rn„Зелената е боја која одговара со многу други бои (сетете се на цветот со неговото стебло) и мислам дека луѓето сфаќаат дека можат да ја искомбинираат на многу начини, без притоа да мораат постојано да го менуваат лакот“ – вели Еисмен. И покрај тоа што не сјае како светлите нијанси, таа е силна боја и носи многу моќ со себе.rnrnШто вели бојата на вашиот лак за вас?rnrn

Портокалов лак – безгрижни

rnЕисмен вели дека Пантоновиот лак на годината уште долго ќе биде популарен. „Бојата едноставно не паѓа на крајот на Земјата на крајот од годината, тоа е тренд кој верувам дека ќе трае уште многу долго“ – вели таа. „Откако луѓето ќе се навикнат на портокаловата боја и кога ќе научат како да си играат со неа, почнуваат навистина да уживаат.“ Исто како и жолтата, таа е впечатлива и разиграна, но истовремено може да биде и многу егзотична.rnrnШто вели бојата на вашиот лак за вас?rnrn

Матно розов лак – женствени

rnПосле неколку нијанси на силни и летни бои на свежа лубеница, оваа сезона розовата е подготвена да порасне, но сепак да остане слатка. „Овие симпатични розови бои се многу зрели, но истовремено имаат и сив сјај“ – објаснува Еисмен. „Со оваа нијанса тие добиваат скоро винтиџ чувство.“rnrnШто вели бојата на вашиот лак за вас?rnrn

Жолт лак – оптимисти

rnГенерално, жолтата боја е поврзана со сонцето и топлината, таа е толку видлива што едноставно не можете да ја игнорирате“ – вели Еисмен. „Доколку ја употребувате на вашите нокти, тоа е вистинско покажување на став. Таа боја е многу екстровертна и среќна.“rnrnШто вели бојата на вашиот лак за вас?rnrn

Виолетов лак – креативни

rn„Виолетовото и нејзините варијации генерално се сметаат за најкреативни од сите бои. Таа е комплексна боја, комбинација од сина и црвена“ – вели Еисмен. „Повеќето сини бои се мирни, а повеќето црвени се динамични и кога ќе ги споите тие две добивате спротиставени сили, уникатна тензија. Обично креативните луѓе многу ги привлекува виолетовата боја, тие ја обожаваат нејзината уникатна енергија бидејќи не сакаат нешто обично и едноставно.“rnrnШто вели бојата на вашиот лак за вас?
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.