Сакате да се чувствувате посреќно, посамоуверено и посигурно во себе? Тоа е многу лесно. Сè што треба да направите се неколку мали промени во начинот на кој размислувате.rnrn
rnrnДали знаевте дека секој ден низ вашата глава поминуваат околу 90.000 мисли? Тоа се премногу мисли за еден ден, а ние сме сигурни дека не можете да идентификувате дури ни 20 од нив. Според некои истражувачи, поголемиот дел од оние мисли кои ги имате денес се исти како и оние од претходниот ден. Па, кои се тие работи кои постојано си ги кажувате на себе?rnrnМислите кои ги имаме и нештата кои си ги повторуваме имаат потенцијал значајно да влијаат врз нашите емоции и дејствија. И нели би било подобро доколку ги одржувате позитивните и среќните мисли, наместо оние негативните? За да го поттикнете вашето позитивно размислување, погледнете ги наредниве 10 изјави кои би требало секојдневно да си ги повторувате.rnrn1. Го правам најдоброто со тоа што го имам.rnrn2. Му простувам на минатото, ја прифаќам сегашноста и ја ослободувам иднината.rnrn3. Одбирам љубов наместо страв.rnrn4. Имам контрола врз моите мисли.rnrn5. Денес ќе биде одличен ден.rnrn6. Нема да се нервирам за малите работи.rnrn7. Ништо не е невозможно.rnrn8. Среќата е моето вродено право.rnrn9. Имам цел.rnrn10. Опкружен/а сум со луѓе кои ме сакаат и се грижат за мене.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
