Тест: Што возбудливо ќе ви се случи во сексот во 2013 година?
Решете го тестот и дознајте каков ќе биде вашиот сексуален живот оваа година.
1. Кое е најинтересното место на кое сте воделе љубов?
а) Преку ден, на клупа во паркот.
б) Во близина на шумскиот поток.
в) На работ од креветот.
2. Мечтаете за жешки игри со повеќе личности кои ве опкружуваат. Кои се тие?
а) Пет личности кои ги запознавте на работното место.
б) Неколку протагонисти од некој љубовен роман.
в) Мечтаете само за една личност.
3. На скала од 1 до 10, оценете го интензитетот на вашата сексуалност.
а) Чиста десетка.
б) Повеќе сте како добротворка, коректна и по малку заводлива, со просечна оценка 7.
в) Двојка. Во орманот чувате мини здолниште кое сè уште не сте го пробале.
4. Како изгледа вашиот одмор од соништата?
а) Екстремни спортови кои вклучуваат непредвидливи страсни пространства во комбинација со неодолив зависник од адреналин.
б) Романтична прошетка покрај море или интимни моменти во куќичка покрај езеро.
в) Посета на роднините кои одамна не сте ги виделе.
5. Како најчесто изгледаат вашите новогодишни дочеци?
а) Излегување со пријателките во најдобрите клубови во градот каде што ќе добиете ВИП третман.
б) Го пропуштивте ова прашање заради страсното гледање со партнерот очи во очи.
в) Претходните години сте си дозволиле чаша шампањ за време на подготвуањето на вечерата.
БОДУВАЊЕ:
Најчесто заокружената буква го дава одговорот.
Најмногу одговори под А:
Оваа година можете да очекувате бурни сексуални игри, но тоа најмалку ќе се случува помеѓу чаршафите. Ќе ве привлекуваат места во природа, под отворено небо. Ќе бидете заинтересирани за повеќе партнери и само вие ќе знаете до каде ви е границата.
Најмногу одговори под Б:
Во 2013 година подгответе се за романтични вечери со свеќи и љубовни игри обвиени со таинственост и мистерија. Ве очекуваат сексуални искуства кои не би можеле да ги пронајдете ниту во омилените романи. Вашите соништа конечно ќе станат јаве.
Најмногу одговори под В:
Вие и оваа година ќе сметате дека нема ништо лошо во сигурниот, проверен и удобен секс со личноста која ви значи и во која верувате. Затоа започнете со предигра која ќе ви овозможи да почувствувате врвно задоволство пред да заспиете и ќе ви ја направи среќна новава година.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Глуп тест, без навреда.