Соработниците постојано ви поставуваат прашања, добивате задачи кои треба веднаш да ги завршите, а телефонските повици ја прекинуваат вашата концентрација. Листата на работи кои треба да ги направите станува сè поголема, сè додека не одлучите да ја фрлите во ѓубре и да започнете да работите на поинаков начин.rnrnВо нејзината книга „Што да правите кога имате премногу работа?“, Лаура Стак им помага на работниците кои имаат премногу обврски да работат поефикасно. Според Стак, користењето на листи може да ви заштеди околу 90 минути дневно. На тој начин може да станете попродуктивни на работа и пофокусирани на домашните обврски. Наместо единствената листа на работи кои морате да ги направите, направете три различни листи кои ќе ве насочат во вистинскиот правец.
rn
Листа на работи кои не треба да ги направите
rnКолку многу озборувате или сурфате на Интернет додека сте на работа? Сигурно повеќе отколку што е потребно. Ова е причината поради која треба да направите листа на работи кои не треба да ги правите. Оваа листа вклучува работи кои треба да одбивате да ги правите, односно непотребни работи на кои го трошите времето. Целта на оваа листа е да се фокусирате на обврските кои треба да ги завршите. Работите наведени на оваа листа треба да бидат прецизни. Наместо да напишете „Денес нема воопшто да се вклучам на Фејсбук“, подобро е да напишете „Секој ден сè помалку ќе се вклучувам на Фејсбук“. Ако се придржувате кон оваа листа, за кратко време ќе станете поефикасни и ќе го намалите бројот на завршени неважни задачи.
rn
Листа на итни работи
rnОваа листа содржи работи кои мора да бидат завршени во најбрз можен рок. Целта на оваа листа е да научите да управувате со времето. Бројот на задачи кои ги содржи оваа листа е различен. На пример, веб-дизајнерот може да има 20 задачи на оваа листа, но само 3 од нив ќе успее да ги заврши за еден ден. За разлика од него, авторот може да има само една задача, но во текот на денот ќе истражува на уште неколку други теми. Листата на итни работи е флексибилна затоа што во текот на работниот ден постои можност за зголемување на задачите кои треба да бидат веднаш завршени. Во оваа листа, исто така, спаѓаат и помали работи кои не мора да се завршат веднаш, но може да се натрупаат ако бидат запоставени, како што е на пример, подготвувањето на месечни извештаи.
rn
Листа на работи кои треба да ги направите
rnОваа листа вклучува сè што треба да биде завршено во одреден временски период, но не веднаш. Задачите наведени на оваа листа ќе го менуваат својот редослед во зависност од роковите. Дел од задачите може да преминат во листата на итни работи, а дел од нив може да бидат елиминирани. Ако не можете да одлучите дали одредена задача треба да биде на оваа листа или на листата за итни работи, запрашајте се дали задачата треба да биде завршена денес. Ако одговорот е не, задачата останува на оваа листа, но ако одговорот е да, тогаш станува збор за итна задача.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
