Татко ѝ одржува лекција на својата ќерка на многу смешен начин

Сподели

Скот Мекинтош од Јута се одлучил на многу интересен потег за да ја научи својата ќерка на лекција. Тој одлучил да ѝ покаже како се чувствува кога ќе ја види дека носи прекратки шорцеви, за таа да сфати дека тоа не е слатко. Така тој облекол жешки пантолончиња на една семејна вечера во ресторан.

Реклама

Својот аутфит го надополнил и со маичка „Најдобриот татко што постои“, а фотографијата што ја споделила неговата жена Беки на својот блог, инстантно станала хит по социјалните мрежи.rn
rn

„Во нашето семејство имаме прилично цврсти ставови кога станува збор за скромноста. Јас верувам дека начинот на кој се облекуваме испраќа порака за нас и влијае на тоа како се однесуваме и како останатите се однесуваат со нас.“ – напишал Скот, инаку татко на седум деца

rnТој вели дека на овој потег се одлучил кога неговата ќерка не сакала да ги пресоблече кратките пантолони кои ги одбрала за одење на поотмена вечера во ресторан. Додава и дека неговата фината успеала, бидејќи на неговата ќерка ѝ било срам да влезе со татко ѝ така облечен.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира