Зошто водата и магнезиумот се исклучително важни во текот на празничниот период?

Сподели

Во тек е периодот на славење, дружење и полни трпези, периодот од годината кога сите уживаме во вкусните специјалитети и наздравуваме со семејството и пријателите, многу почесто отколку во остатокот од годината. Како и во многу други култури, така и кај нас консумирањето алкохол е вообичаена појава на различните собирања. Освен тоа, тука се и раскошните торти и колачи, како и задолжителните богати трпези со традиционални јадења.

Реклама

И додека уживаме во сите тие волшепства кои ги носи свечената атмосфера, веселбите и дружењата, често несаканите последици вклучуваат и недостаток на сон, резултирајќи со замор, во комбинација со мамурлак, чувство на тежина од преголемата количина шеќер и мрсна храна, како и повеќе стрес за организмот. А, во сите тие моменти водата и магнезиумот се идеални сојузници за помалку замор и повеќе енергија!rn

Вода – за нормално психофизичко функционирање

rnВо нормални околности, односно со умерена физичка активност на умерена температура, дневно е потребно да испиете од 6 до 8 чаши вода, кои овозможуваат нормално одвивање на физичките и когнитивните функции. Доколку сме во топла просторија и на пример, цела вечер танцуваме, потребите за вода може дупло да се зголемат. Дехидрацијата можете да ја препознаете по сувост на усните, жед, вртоглавица, главоболка, намалено мокрење и намалена еластичност на кожата.

Реклама

Не заборавајте дека кај консумирањето алкохол, внесувањето вода станува уште поважно, бидејќи алкохолот има ефект на диуретици, па организмот дополнително губи вода со зголеменото мокрење. Затоа е добро да го послушате советот од експертите и секогаш со алкохолниот пијалак да испиете и чаша вода.

Кога сме веќе кај алкохолот, типичните симптоми на мамурлакот како мачнини, главоболки и слаби физички и психички способности се поклопуваат и со симптомите на дехидрација. Затоа во текот на славењето не заборавајте на водата! Во тек е период кога јадеме калорични и зачинети јадења, што исто така бараат добра хидратација за метаболичкиот процес да биде поефикасен, односно елиминацијата на токсините полесна.

Соодветната хидратација ќе му даде на организмот основа за нормална работа, а со дополнително внесување магнезиум ќе добиеме идеална комбинација за нормално создавање енергија, па така и ќе го намалиме нивото на замор и исцрпеност.rn

Реклама

Магнезиум – за енергија и намален замор

rnПрепорачаната дневна количина магнезиум е 320 милиграма за жените и 420 милиграма за мажите. Тој е неопходен за функционирање на нервниот и мускулниот систем, вклучувајќи го и срцето, а со тоа и целокупното кардиоваскуларно здравје.

Тој учествува во клеточните реакции при кои се создава енергија, па заморот и исцрпеноста може да бидат последица од недоволното внесување магнезиум низ исхраната. Меѓутоа, недостатокот на магнезиум во организмот, освен со намаленото внесување на храна и вода, може да исчезне и со зголеменото излачување магнезиум преку мокрењето. Дали сте знаеле дека алкохолот предизвикува и ваков вид губење на магнезиумот?

Ниското ниво на магнезиум е поврзано со висок крвен притисок (хипертензија), дијабетес, хронични болести на срцето и остеопороза, а еден од честите причини за ниско ниво на магнезиум, освен недоволното внесување со храната и водата, е и неговото губење предизвикано од консумирањето алкохол.rn

Зошто водата со магнезиум е толку важна?

rnЗа добар метаболизам, повеќе енергија и помалку замор, исклучително добра стратегија за весели денови и уште повесели ноќи, е да се држиме до мудрата препорака за умереност во сѐ и со себе да имаме добри сојузници како што е водата богата со магнезиум.

Со внесувањето вода која содржи магнезиум, на нашиот организам можеме да му обезбедиме оптимална дневна количина магнезиум, која е потребна за виталните телесни функции, а со водата да го хидрираме телото, давајќи му ги на организмот основните предуслови за негово нормално функционирање. Зарем тоа не е доволна причина за водата со магнезиум да биде и вашиот избор во периодот на славење?

Се надеваме дека ја сфативте важноста на магнезиумот, па токму затоа ви откриваме и кои намирници содржат најголемо количество магнезиум.

Најново

Може ќе ве интересира