Треба да сте „луди“ за да ги игнорирате последните истражувања за оревите и ореовото масло.rnrn
rnrnВо последните неколку години, многу откритија покажаа дека само од една рака од овие мали семиња – да, всушност го јадеме семето – подобро ќе спиете, ќе се чувствувате релаксирано и полесно ќе се справувате со љубовните проблеми.rnrnВеројатно не треба да сме изненадени. 30 грама ореви обезбедуваат 100 проценти од препорачаната дневна доза омега-3 масла, заедно со големи количества бакар, молибден, манган и биотин.rn
1. Оревите го подобруваат сонот
rn
rnrnАко спиете малку, може да умрете млади. Ако спиете премногу, може да умрете млади. Оревите се тука да помогнат. Тие содржат мелатонин, соединение кое помага во пренесување на пораките во рамките на телото за циклусот на менување на денот и ноќта. Со јадењето ореви го зголемуваме нивото на мелатонин и според тоа си овозможуваме мирен сон.rn
2. Оревите ве релаксираат
rn
rnrnОревите го намалуваат крвниот притисок. Истражувањата што се занимавале со врската помеѓу овие чудесни јаткасти плодови и стресот откриле дека оревите и маслото од ореви го намалиле крвниот притисок и стресот на испитаниците. Зошто? Бидејќи оревите се извор на антиоксиданси и незаситени масни киселини, конкретно алфа-линоленската киселина и омега-3 масната киселина.rn
3. Оревите помагаат… ах да, за вашата меморија
rn
rnrnИнтересен пример со ореви и глувци: Д-р Аба Чаухан и неговиот тим од Њујоршкиот институт за здравје откриле дека глувците кои не јаделе ореви страдале од значителен недостаток на меморија, потешкотии во учењето и проблеми со физичката и емоционалната контрола. Теоретски ова се случило поради присуството на витамин Е и флавоноиди во оревите кои помагаат за уништување на штетните слободни радикали кои предизвикуваат деменција.rn
4. Оревите ја намалуваат опасноста од рак
rn
rnrnНа оваа тема повеќето истражувања се поврзани со животните, но откритијата се навистина зачудувачки. Во едно истражување, глувците кои биле хранети со ореви во текот на 18 месеци значително помалку заболувале од рак на простатата споредено со контролираната група која истата количина масти ја примала од други извори. Заклучокот е дека диетата со ореви го намалила процентот на заболување од рак на простатата кај глувците за 30 до 40 проценти.rn
5. Оревите помагаат при контрола на дијабетесот
rn
rnrnСе докажало дека диеталните масти во оревите го намалуваат ризикот од посериозни компликации поврзани со дијабетес тип 2, како бубрежните заболувања. Истражувањето вклучувало 31 маж и 81 жена заболени од дијабетес и се открило дека кај возрасните луѓе со прекумерна тежина кои секој ден јаделе ореви значително се намалило нивото на потребен инсулин во споредба со тие кои не јаделе. Уште повеќе, овој ефект се постигнал во првите три месеци од истражувањето.rn
6. Оревите се борат со болести
rn
rnrnКога ќе го слушнете зборот антиоксиданси, знаете дека тие се добри за вас – всушност, се верува дека тие помагаат во контролата на стареењето така што се борат со слободните радикали, главната причина за брзото стареење. За среќа оревите содржат неколку ретки антиоксиданси кои ретко се среќаваат во храната која секојдневно ја конзумираме. Тоа се танин телимаграндин, флавонол морин и кунон џaглон. Истражувањата покажуваат дека полифенолите го спречуваат хемиското оштетување на црниот дроб.
