Не велиме дека првата љубов никогаш не успева! Сите ние познаваме барем по еден пар што се заедно откако знаат за себе и се посреќни одошто можеме да замислиме. Но за жал, ова се случува многу ретко. Во реалноста, првата љубов започнува многу интензивно, со многу емоции и страст, и најчесто завршува на истиот начин. Скршеното срце што останува како последица, просто кажано, во тој момент делува како најлошото нешто што некогаш ни се случило. Но токму тогаш ние сфаќаме дека треба да продолжиме понатаму, посилни и подобри од кога било претходно.rnrn
rnrnНа тој начин и учиме дека светот не се состои само од бајки и пеперутки во стомакот, и дека колку што има среќа, толку има и болка. Исто така, како што поминува времето, така сè повеќе се откриваме самите себеси и учиме што сакаме, а што не сакаме во една врска. Успеваме и да си изградиме подетална дефиниција за тоа покрај каков човек би биле најсреќни. Откако тоа ќе се случи, ние и свесно и несвесно почнуваме да ја бараме оваа личност. Затоа и втората љубов има потенцијал да биде епска!rnrnВтората љубов е многу повеќе од едноставно површно заљубување. За разлика од првиот пат, сега свесно одбираме да бидеме ранливи, отворени. Кога се прави ваков ризик, си дозволуваме да се препуштиме со целото срце – ние сме позрели, сменети и овој пат знаеме што сакаме и како истото да го добиеме.rnrnВтората љубов најчесто се случува неочекувано, по бавното и несигурно спуштање на ѕидовите што сме ги изградиле по првото скршено срце. Почнуваме и тивко да се надеваме дека нешто добро ќе се случи, и кога конечно ќе искусиме нешто такво, посакуваме да можевме да притиснеме пауза и подолго да уживаме во моментот. Сфаќаме и дека сме престанале со споредбите и дека немаме план за бегство, во случај на опасност. Преку смеа одново ја откриваме сопствената магија и во тој момент веќе ни небото не ни е граница.rnrnНе постои ништо друго како љубовта на овој свет, ништо толку прекрасно, чисто, скромно, возбудливо, но истовремено и застрашувачко. Токму затоа и сосема е во ред да се плашите, но не смеете да очекувате неуспех бидејќи токму тоа и ќе го добиете. Имајте верба, вложувајте доволно труд и сè ќе биде како што треба.rnrnВтората љубов ќе ве потсети колку навистина сте силни, колку храброст има во вашето срце. Па зарем има нешто посовршено од тоа?rnrnПрочичитајте повеќе докази дека втората љубов е вистинската!
Зошто токму втората љубов е онаа вистинската за вас?
