Зошто постојано му се враќате назад на истиот маж?

Сподели

Жените имаат лоша навика да веруваат дека работите ќе се променат. Со тек на време, механички започнувате да ги избегнувате стресните и контроверзни љубовни врски за да се зачувате себеси. Повторно, кога ќе се потпрете на тој посебен маж, здравата врска станува климава. Но, тој е тој што едноставно не можете да го оставите. Зошто продолжувате да му се враќате одново и одново?

Реклама

rn

1. Овој пат ќе биде поразлично

rnЗошто мислите дека сега ќе биде поразлично? Жените имаат лоша навика да веруваат дека работите ќе се променат. Секогаш мислите дека тој нема да ја повтори истата грешка, но грешите. Едноставно своеволно влегувате во маѓепсаниот круг. Тешко е да размислувате реално кога го потиснувате фактот дека тој само ве користи кога му одговара. Очигледно е дека тој не го почитува вашиот труд.rn

Реклама

2. Тој е резервен план

rnКога работите ќе тргнат наопаку, тој е тука. Тој ги решава вашите проблеми, ги поправа грешките, спасува, слуша, навива за вас, се грижи за вашето здравје. Искрено, дами, не би требало да трчате по него секојпат кога работите ќе тргнат во спротивниот правец од посакуваниот. Морате да научите дека во животот треба сами да се изборите со проблемите. Покрај тоа, зошто му се јавувате само нему кога имате проблем? Кој било пријател може да ви помогне.rn

3. Болката е составен дел од секоја врска

rnСте се убедиле себеси дека болката и скршеното срце е составен дел од секое љубовно искуство. Да, вистина е, пресврти се случуваат. Но, врската треба да има повеќе подеми отколку падови за да можете да ја наречете здрава врска и врска за која вреди да се борите. Жената треба да ужива во присуството на мажот, а не да живее во страв и меланхолија, а истото важи и за мажот. Човекот кој не дава сѐ од себе за да се почувствувате сакано не е вреден за вашето внимание.

rn

Реклама

4. Дали промената за него ја прави врската успешна?

rnТешко. Доколку се промените за да постигнете нешто, тоа ќе покаже дека сте очајни и несигурни, а тој ќе го искористи тоа како предности. И секако, нема ниту малку да го цени вашиот труд.rn

5. Вие сте погрешиле

rnАко се случило ова, тогаш сте свесни дека тој не ја уништил врската. Морате да разберете дека тој треба да одлучи дали ќе ве прифати назад или не. Доколку ве прифати назад, тогаш обидете се да бидете она што сте ветиле дека ќе бидете. Доколку ве одбие, прифатете го тоа. Нема потреба за лутење и бес. Наместо да продолжувате одново и одново да му се наметнувате, пуштете го. Прифатите дека сте направиле грешка и дека сте направиле сѐ за да го поправите тоа. Време е да продолжите понатаму.

Понекогаш работите може да се одвиваат кон подобро, па погледнете зошто треба да се смирите со вашиот бивш.

Најново

Може ќе ве интересира