КАФЕ ПАУЗА

Зошто попладневното спиење не е добра идеја?

Зошто попладневното спиење не е добра идеја?

Сите знаеме дека нема ништо послатко од тоа кога ќе се вратите во топлиот дом по напорниот ден, да дремнете во дневната соба. Сепак, ова често излегува од контрола, па 15-минутната дремка се претвора во двочасовен сон. Иако многумина не се свесни за тоа, ова во никој случај не е добро.rnrnЗошто попладневното спиење не е добра идеја?rnrnПовеќето луѓе немаат работно време од 9 до 5 часот попладне и немаат ни време за попладневна дремка, па многумина го практикуваат тоа за време на викендите и на тој начин само си прават лоша услуга.rnrnСпоред германскиот експерт за проблеми со спиењето, Ханс-Гинтер Вес, попладневната дремка која трае повеќе од половина час не е добра идеја.rnrnПо половина час спиење, почнувате да влегувате во РЕМ-фазата, позната и како сон во кој се сонува, во која повеќе од 70 проценти од луѓето се чувствуваат летаргично откако ќе се разбудат. Освен тоа, попладневното спиење ја одложува вечерната поспаност. На ова особено треба да внимаваат луѓето што имаат нарушено спиење.rn

Попладневно спиење без последици

rnОва не важи за сите бидејќи постојат луѓе кои можат да заспијат во попладневните часови, без никакви последици врз нивната свежина подоцна или врз способноста да спијат поквалитетно во текот на ноќта.rnrnСепак, експертите советуваат дека не треба да спиете попладне, но ако сè уште не можете без тоа, не треба да спиете повеќе од половина час и, ако е можно, тоа не треба да биде по 15 часот.rnrnОвој совет не се однесува на децата бидејќи тие во текот на училишниот период стекнуваат способност да ги исполнат своите дневни потреби за спиење во текот на ноќта. Сè додека не ја стекнат таа навика, попладневниот сон е добредојден за нив.rnrnПрочитајте какви се последиците од спиењето со куче или со мачка.