Сите знаеме дека не е воопшто паметно да излеземе од нашиот дом со мокра коса. Воспалението, главоболката и настинката се само дел од проблемите кои можат да нè снајдат. Следното прашање е – дали е добро да се спие со мокра коса? Апсолутно, не! Во продолжение погледнете зошто не е добро никогаш да го практикувате ова!rnrn
rn
Првут
rnЕдна од главните причини за појава на првут се габичките. Спиењето со мокра коса дополнително го влошува овој проблем. Топлата перница во контакт со мократа коса не дава добри резултати. Имено, на габичките им одговара влажна и топла средина. Доколку планирате да се ослободите од првутот во косата, користете соодветни препарати и задолжително исушете ја косата пред спиење.rnrnВо текот на ноќта, температурата на телото расте, а мократа глава нема да ви донесе ништо добро освен потенцијална силна главоболка следното утро.rn
Губење сјај и кршење на косата
rnМократа коса во комбинација со мокра перница доведува до кршење и губење на сјајот на косата. Доколку регенераторот не е добро исплакнат, ситуацијата дополнително се влошува. Најдобро решение е чиста перница и исушена коса – без никакви дилеми.rn
Слабеење на имунитетот
rnСтарите приказни дека ќе се разболите доколку си легнете со мокра коса се неточни – не можете да фатите вирус само затоа што косата ви била мокра. Но, спиењето со мокра коса може да го намали имунитетот што олеснува да настинете или да фатите некој грип.rn
Акни
rnДоколку на вашата перница има бактерии, постојат големи шанси наскоро да ви се појават акни на лицето. Вашата кожа ќе ви биде благодарна доколку ја исушите косата пред легнување.rnrnПочитајте ја и оваа грешка пред спиење која може да ви предизвика ноќни кошмари.